Соопштенија
Мицкоски: За разлика од Заев, мене не ми требаше државна функција за да го заработам она што го имам

Власта е во паника, прават грешки, контрадикторни се, конфузни и се препелкаат. Рециклираат стари теми и немајќи со што да бидат актуелни, измислуваат. Тоа се чекори на очајник, на некој што знае дека губи, дека нивниот крај бргу ќе стигне. А сметката за неправдите мора да се плати зашто правдата, пред сè, е одговорност, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на повикот на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, ДКСК да отвори истрага како Мицкоски и Димовски од претходната влада добиле бизнис со хидроцентрали.
„Гледам, и денес продолжуваат со тоа, па на младиот и неискусен Костадинов му рекле да прави прес-конференција пред мала хидроцентрала. Г. Заев и господа од СДСМ, немаше потреба на погрешна локација да го испраќате да држи прес-конференција, да ме навредува, да не ја говори вистината, да измислува. Ќе ве однесев јас на точната локација на проектот, каде што 7 отсто од сопственоста имам и јас, нешто што одамна е познато, чесно заработено, и нешто што не е тајна. Или, пак, можевте да го прашате вашиот најблизок соработник, господинот Анѓушев, како се добива концесија за изградба на мала хидроцентрала бидејќи тој е сопственик или косопственик на десетици такви низ Македонија. За разлика од г. Заев, мене не ми требаше да имам државна функција за да го заработам она што го имам пред активно да се занимавам со политика. Тоа Заев не може да го каже за себе“, вели Мицкоски.
Но, вели тој, бидејќи ја повикувате ДКСК да провери да поведе истрага на кој начин е добиена концесијата, јас би сакал да го предложам следното, имено, Ви предлагам веднаш сите државни институции, не само ДКСК, сите институции нека го истражат целиот мој имот, а јас им стојам на располагање за какво било објаснување, дообјаснување и слично, да проверат дали има нешто што е спротивно на законите и процедурите и доколку констатираат каква било повреда на процедурите и законите, јас сум подготвен да поднесам одговорност, во спротивно должите извинување пред македонската јавност.
„Но, воедно, ги поканувам истите тие да го испитаат имотот на лидерот на Костадинов и семејството Заеви. Да истражат која беше имотната состојба на Заев и семејството пред и по неговото влегување во политиката. Да ги истражат и ‘Глобал’ и случајот ‘Поткуп’, да истражат како од едно земјоделско семејство се стига до автомобили ‘бентли’ и ‘мајбах’. Како тоа братот на премиерот стана најпосакуван бизнис-партнер на матните кругови од подземјето и, секако, да има одговорност доколку се потврдат сомнежите. И еден личен совет до гласноговорникот, не прифаќај да те повлечат во нивната бездна и да ти ја изгорат кариерата уште пред да ти почне. Колку и да сакате белото да го прикажете за црно, да ме извалкате со вашите нечесни игри, нема да можете. Сè е јасно и видливо, а неправдата ќе биде победена од правдата и го имате мојот збор за тоа“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Како до паметна инвестиција: „Анхоч“ со водич за избор на лаптоп, таблет или десктоп за 2025 година

Со почетокот на новата академска година, многу студенти, но и професионалци, се соочуваат со предизвикот за избор на нов технолошки уред. Пазарот нуди многу опции, а прашањето е како да се одбере уред кој ќе ги издржи сите обврски и трендови?
Како еден од лидерите во технологијата, Анхоч постојано е во тек со светските трендови, нудејќи најширок асортиман и најдобри цени. Нивното долгогодишно искуство покажува дека клучот е во вистинскиот избор, а не во најскапиот уред.
3 клучни совети за студенти и сите корисници на технологија
Експертите од Анхоч советуваат пред да купите, да одговорите на следните прашања:
1. Мобилност или моќ?
Размислете за вашата дневна рутина. Ако постојано се движите, лаптопот нуди најдобар баланс. За највисоки перформанси во програмирање, дизајн или гејминг, десктоп компјутерот е ненадминат. Таблетот пак, е одличен за читање, белешки и презентации.
2. Кои се минималните спецификации за 2025?
За да обезбедите долгорочна употреба, фокусот треба да е на овие три параметри:
· RAM меморија: 16GB RAM е минимален стандард. Целете кон 32GB за непречена работа со повеќе програми.
· Складирање: Клучен е SSD диск од најмалку 512GB. Ако вашиот уред поддржува, препорачуваме PCIe SSD, кој е и до четирипати побрз од стандардниот SATA SSD и овозможува молњевито брзо подигање на системот и апликациите.
· Процесор (CPU): За најдобри перформанси и долговечност, стремете кон Intel процесори од минимум 12-та или 13-та генерација, или AMD Ryzen процесори од 5-та или 7-ма генерација. Овие генерации гарантираат енергетска ефикасност и моќ потребна за модерните апликации
3. Вложете во трајност
Квалитетот на изработка е клучен. Побарајте уреди со Full HD екран и издржлива батерија која ќе го покрие целиот работен ден, што е особено важно за студентите и професионалците.
Анхоч: Секогаш подготвени за вашиот избор
Анхоч, како компанија која ги следи светските трендови и чија публика е широка – од млади гејмери до искусни професионалци – е подготвен да одговори на сите барања.
„Нашата мисија е да понудиме најдобар избор, најдобри цени и најдобри совети. Ние сме подготвени да ги задоволиме сите потреби за квалитетна опрема која ќе ги издржи сите предизвици. Кај нас, секогаш ќе ја најдете најновата технологија“, велат од Анхоч.
Посетете ги салоните на Анхоч или онлајн на www.anhoch.com и добијте експертска поддршка за да го направите вистинскиот избор.
(ПР)
Соопштенија
Среќата ја избра Битола – нов автомобил FORD KUGA од инстант-лозот „Титаниум“ на Државната лотарија!

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“.
„Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене“, ни сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не е само автомобил — таа е симбол на верба, упорност и радост.
Сè започнало како обичен ден — еднодневна екскурзија до Штип, со пријателка. Прво посетиле манастир во околината, потоа уживале во традиционална штипска пастрмајлија, а кратката прошетка низ градот ги донела до продажното место „Студио 25 Продукција – 5“ во срцето на Штип. Токму таму, К.Т. купила неколку инстант лозови, меѓу кои и добитниот „Титаниум“.
„Случајно застанавме пред продажното место на Државна лотарија и решив да си купам инстант лозови, бидејќи игрите на среќа се дел од моето секојдневие, како и во моето семејство. Кога го изгребав лозот и станав свесна за добивката — нов автомобил — почувствував, радост и возбуда што тешко можам да ги опишам,“ раскажува К.Т.
Оваа добивка не е прва во нејзиното семејство. Пред извесно време, нејзиниот син освоил парична добивка од 10.000 денари, исто така, од инстант лоз. Семејството редовно ги уплатува своите среќни броеви на ЛОТО 7 преку loto.mk, а секое коло носи нова возбуда и надеж.
„Играм со години, од љубов кон играта. Тоа е ритуал, момент на возбуда, надеж и забава. А сега, кога среќата навистина ми се насмевна, чувството е неверојатно“, додава таа.
К.Т. е доказ дека среќата не прашува каде си — таа доаѓа кога најмалку очекуваш. Од Битола до Штип, од прошетка до добивка, нејзината приказна е инспирација за сите што веруваат во среќата.
Нејзината порака до сите играчи на игри на среќа: „Среќата е насекаде околу нас, треба само да ја пронајдеме“.
Државна лотарија продолжува да ги радува своите играчи со добивки што носат насмевки, возбуда и нови почетоци. Инстант лозот „Титаниум“ е само еден од многуте начини преку кои среќата може да ви затропа на врата.
(ПР)
Соопштенија
Бомбастична есен = Бомбастични можности со Минт Кредит

Време е за нови планови и свежи почетоци – затоа што оваа есен носи бомбастични можности! Есенската сезона во Минт Кредит започнува со неверојатна понуда, -30% попуст на трошоци до 300.000 мкд и инстант одобрување за само 10 минути, твоите идеи и желби стануваат реалност веднаш.
· Без чекање.
· Без компликации.
· Само голема насмевка и мали трошоци. Акцијата важи во периодот од 22.09.2025 до 30.09.2025 за Минт Кредит од 300.000 мкд. Секој клиент кој ќе аплицира во наведениот рок ќе има можност да добие значителна заштеда, а истовремено и финансиска поддршка до 300.000 мкд. За повеќе информации контактирајте не на 15 107 или преку веб-страната Mint Credit.
(ПР)