Македонија
Од вечерва ќе бидат затворени повеќе улици во Скопје поради маратонот
Министерството за внатрешни работи информира дека од вечерва во 19 часот до утре до 18 часот, поради одржување на „Визер скопски маратон 2019“, кој ќе почне утре во 8:30 часот, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим по должина на трите тркачки патеки во рамки на манифестацијата.
За трката од 5 000 метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на ул. Димитрие Чуповски право по ул. 11 Октомври во правец кон Градска болница, право кон Црвен крст, кај Тутунски комбинат лево по бул. Крушевска Република, па десно по бул. 3 Македонска бригада, право по бул. 3 Македонска бригада до крстосница со ул. Црвена Вода 7, каде што се врти полукружно па право по бул. 3 Македонска бригада, десно по ул. Фрањо Клуз , лево по спротивната насока на движење на бул. Кузман Јосифовски Питу , лево по бул. Кочо Рацин десно по ул. 11 Октомври до целта – Собрание на Р Северна Македонија;
Втората траса за трката на 21 километар, полумаратон: стартот е преку Порта Македонија, плоштад Македонија, преку Камени мост, лево на ул. Иљо Војвода, лево по мост Гоце Делчев, право по бул. Илинден лево по ул. Љубљанска, право по ул. Московска, десно по ул. Војвода Васил Чакаларов, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, право по ул. Димитрие Чуповски, право по ул. 11 Октомври, лево по бул. Крушевска Република , десно по бул. 3 Македонска бригада, лево по ул. Фрањо Клуз , десно по бул. Јане Сандански до крајот пред семафорот со бул. Србија се врти назад по бул. Јане Сандански , лево по ул. Фрањо Клуз , десно по бул. 3 Македонска бригада, лево по бул. Крушевска Република , десно по ул. 11 Октомври, право до пред Собрание на Р Северна Македонија, каде што е и целта;
И третата траса за маратонот на 42 километра/штафетен маратон: тој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога натпреварувачите ќе дојдат пред Собрание на Р Северна Македонија продолжуваат уште еден круг право по ул. Димитрие Чуповски , десно по бул. Св. Климент Охридски , лево по бул. Илинден и се трча истата рута како од првиот круг.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

