Свет
(Видео) Дрон успешно испорача бубрег во болница во Мериленд

Дрон успешно испорача бубрег во болница во Мериленд, САД, каде што органот требаше да биде трансплантиран на 44-годишна пациентка.
За овој прв лет од ваков тип беше вклучен тим од хирурзи, инженери, пилоти, медицински сестри, како и Федералната администрација за воздухопловство на САД, објави Би-би-си.
Дронот беше специјално дизајниран за овој лет со вклучени камери за следење на органот и падобран во случај да дојде до откажување на леталото коешто прелета 4,8 километри до крајната дестинација.
Софистицираната технологија вклучуваше и посебен систем за комуникација и безбедност со оглед на тоа што летот се одвиваше во урбана и густо населена средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Петгодишно девојче се лизнало од жичара во Словенија: паднало од висина од пет метри

Несреќа се случила во словенскиот ски-центар Копе, кога петгодишно девојче од Хрватска се лизнало од жичара и паднало од висина од околу пет метри.
Таа била тешко повредена и со возило на Брза помош била пренесена во болница.
Нејзиниот живот не е во опасност, пренесува „24 часа“.
Девојчето се возело на жичара со уште две деца и едно возрасно лице кое ја придружувало. Додека се возела се лизнала под заштитната шина и паднала од висина од околу пет метри.
Полицијата прибира информации во врска со одговорноста на возрасното лице кое го ставило девојчето на жичницата, а се работи за сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Девојчето било дел од група деца кои го посетиле ски-центарот Копе организиран од спортски клуб.
Свет
Украински функционер: Киев го обвинува тимот на Трамп дека го подгрева апетитот на Путин

Преговорите меѓу администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и Русија без учество на Украина и Европејците само ќе го „стимулираат апетитот на рускиот претседател Владимир Путин“, изјавил за „Франс прес“ неименуван висок украински функционер.
„Ова само ќе го подгрее апетитот на Путин и неговата верба дека тој ќе победи и дека Америка ќе загуби“, изјави функционерот, по денешната руско-американска средба во Ријад, која се одржа без учество на Киев и Европа.
Тој кажа дека тимот на Доналд Трамп ја повторува тактиката на претходните американски претседатели, Барак Обама пред руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и Џозеф Бајден пред сеопфатната руска инвазија на Украина пред три години.
Обама пред 2014 година, како и Бајден пред оваа војна, разговараше со Путин за нас без нас, за Европа без Европа, а некој од тимот на Трамп оди во истата насока, продолжи украинскиот функционер.
„Се чини дека некој од тимот на Трамп или некој негов близок му претставува нереална слика за Русија“, додаде тој.
Украинските власти се надеваат дека ќе добијат детали за американската позиција од специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, кој утре се очекува во Киев во својата прва посета откако Трамп ја презеде функцијата во јануари.
„За нас е важно да слушнеме од Келог што навистина се случува“, вели украинскиот функционер.
Регион
(Видео) Вучиќ на тренинг во парк со Вучевиќ и Мали: „Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео каде тренира во паркот заедно со премиерот Милош Вучевиќ и министерот за финансии Синиша Мали.
„Милош Вучевиќ, Синиша Мали и јас дојдовме да тренираме. Пропаднавме целосно, освен Синиша. Овде во паркот, милина една, се правиме дека не ни е ладно и се правиме дека работиме некој сериозен тренинг. Ми требаа пет минути да сфатам како функционира ова, сè ме боли. Нешто како веслање, не можам да одам до крај. Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат. Па, сега можам да кажам дека работевме и сме подготвени за пливање и веслање. Во веслањето е спасот, нема предавање. Па, сега да јадеме плескавица. Доста е“, рече Вучиќ.