Свет
(Видео) Бројот на загинати во авионската несреќа на московскиот аеродром се искачи на 41

Бројот на лица загинати во авионската несреќа што се случи на аеродромот во Москва, „Шереметјево“ се зголеми на 41.
Набргу по полетувањето од Москва до Мурманск, екипажот на авионот „сухој супервет-100“ побарал дозвола за принудно слетување.
UPDATE: Video shows plane on fire as it comes in to land at Sheremetyevo airport in Moscow, passengers were seen using the front emergency slide, no words yet on casualties.( Credit @dimsmirnov175 ) pic.twitter.com/NGKK1rPNbq
— News_Executive (@News_Executive) May 5, 2019
За време на принудното слетување на авионот на „Аерофлот“ избувнал голем пожар.
Aeroflot Sukhoi Superjet 100 on fire after emergency landing at Moscow SVO airport. Plane was heading to Murmansk but declared and emergency and returned to the airport#Moscow #Aeroflot pic.twitter.com/SpPzQEoZPv
— CNW (@ConflictsW) May 5, 2019
„Во авионот имаше 78 лица вклучувајќи го и екипажот. Истрагата досега откри дека 37 лица ја преживеале несреќата“, рече Светлана Петренко, портпаролка на Руската федерална комисија за истраги. Претходно, руски официјални лица изјавија дека најмалку 13 лица загинале во несреќата вклучувајќи и две деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Различни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека околу 20 проектили биле истрелани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави за Би-Би-Си израелски воен претставник, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле „отворени области“.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација