Забава
Скарлет Јохансон за улогата на Црната вдовица гладуваше 15 часа дневно

Американската актерка Скарлет Јохансон (34) напорно тренира веќе една година со желба да изгледа совршено за улогата на Црната вдовица во „Одмаздници“ на компанијата „Марвел“. Скарлет вели дека гладувала со часови и се придржувала кон строг режим на исхрана и тренинзи, кои за неа ги смислил нејзиниот фитнес-тренер Ерик Џонсон.
Џонсон е сопственик на престижнен синџир-вежбалници, а со Скарлет се запознале во 2009 година кога почнала да се подготвува за нејзината улога. Актерката има желба да изгледа совршено во костимот на суперјунак. Вели дека била подложна на брутален тренинг како оној што го имаат американските маринци.
Секојдневно кревала тегови, скокала, трчала, вежбала јога, фрлала топки, истовремено хранејќи се со многу јаглехидрати. Престанала да пуши, а спиела повеќе отколку што била навикната. Дури повеќе од четири часа.
„Скарлет се подготвувала како еден наш спортист за големо натпреварување. Комбинира неколку видови тренинзи за да го достигне својот максимум. Не трениравме само за да го промениме нејзиното тело, туку и да го стимулираме нејзиниот ум. Морам да признам дека тоа беше многу тешко“, изјавил Џонсон.
Нејзините оброци биле временски ограничени, што значи дека знаела да гладува и по 12 часа дневно во зависност од распоредот на снимањето. Некогаш гладувала и по 15 часа.
„Намерно ја изгладнував. Не смееше да јаде. Се подготвувавме за тоа темпо на снимање, кое траеше речиси цел ден. Целта е да ги прими тие физички карактеристики на таков лик на суперхерој“, објаснил тренерот.
Скарлет морала да набие кондиција и сила. Единствениот дозволен сладок грев било парче чоколадо пред тренингот за да го подигне хормонот на среќа. Скарлет вели дека маката се исплатела затоа што новото продолжение на „Одмаздници“ беше на 25 април. Првиот викенд на прикажување на филмот влезе во историјата.
За само неколку дена филмот оствари заработка од над 800 милиони долари во Америка и светот. Актерката Јохансон на самиот почеток заработила околу 22 милиона долари.
Во моментот Скарлет го промовира филмот во светот, а слободното време го минува со ќерката Роси Дороти (5), која Скарлет ја има со поранешниот сопруг, францускиот новинар Ромен Доријак.
Скарлет во улогата на Црната вдовица првпат се појавила во 2010 година во филмот „Железниот човек“, кој беше и голема преокупација во нејзиниот живот затоа што тогаш првпат почнала со интезивни тренинзи. Досега гордо ги истакнувала своите облини, а во своите интервјуа зборувала дека се гордее со тоа и одбивала да држи диета.
Не гледам што е секси во конфекцискиот број 34 или 32. Вежбалници гледав само на телевизија. Јас, едноставно, се чувствувам добро во својата кожа. Диетите што ги пропагираат Викторија Бекам и Џенифер Анистон ги сметам за најголеми глупости. Не гледам што е секси во тоа, изјавила актерката во 2009 година.
Премиерата на новиот филм „Одмаздници“ беше на 22 април во Лос Анџелес. За таа пригода Црната вдовица го сврте вниманието на сите присутни во фустанот без раменици, со висок прорез и пуштена коса.
На нејзиниот полугол грб се гледаше големата тетоважа, а Скарлет на себе носеше едноставни златни сандали со високи потпетици. Скарлет важи за една од најплатените актерки во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Спортист падна на глава во емисија во живо на „Си-Ен-Ен“ во обид да направи салто наназад, видеото стана вирално

Бејзбол играчот Роберт Ентони Круз, член на популарниот тим Савана Бананас, доживеа болна и срамна несреќа во емисија во живо на „Си-Ен-Ен“. Неговиот обид да го изведе своето препознатливо салто наназад во емисијата во живо заврши со паѓање на глава, а видеото брзо стана вирално.
View this post on Instagram
Инцидентот се случи додека Круз даваше интервју. Кога го прашаа дали може да покаже еден од своите трикови, 26-годишниот спортист реши да направи салто. Но, наместо грациозно да слета, тој падна со лицето на подот од студиото.
Водителката Кејт Болдуан во шок извика: „О, Исусе“, додека Круз полека се крена на нозе со крвав образ и усна, обидувајќи се да се насмевне низ болката и велејќи: „Ова никогаш не се случува“.
Иако се обиде да ја намали сериозноста на ситуацијата, подоцна откри дека морал да побара медицинска помош. На Инстаграм објави дека добил „неколку конци“, но се пошегува и за сопствената сметка, додавајќи дека неговата гордост е „малку оштетена“.
Во објавата, тој им порача на своите следбеници: „Да, добро сум. Звукот од падот го прави видеото десет пати посмешно. Имате моја дозвола да се смеете.“
Забава
Актерот Мајкл Ворд обвинет за силување

Актерот Мајкл Ворд е обвинет за два случаи на силување и три сексуални напади, објави лондонската Метрополитен полиција.
Наводните инциденти наводно се случиле во јануари 2023 година.
Познат по своите улоги во серии и филмови како што се „Топ Бој“, „Мала секира“ и „Сина приказна“, Ворд го привлече вниманието на публиката и критичарите со својата младешка енергија и актерска автентичност, поради што беше крунисан со награда БАФТА во 2020 година.
Мајкл Ворд сега се соочува со сериозни обвиненија кои ќе го добијат својот судски епилог на 28 август, кога треба да се појави пред надлежниот суд во Лондон.
Детективскиот началник Скот Вејр од Метрополитен нагласи: „Нашите специјализирани службеници продолжуваат да ја поддржуваат жената што го направила извештајот. Знаеме дека истрагите од ваков вид можат да имаат значително влијание врз оние кои избираат да проговорат.“
Според него, истрагата е сè уште во тек, а полицијата апелира до јавноста да се воздржи од предвремени заклучоци.
Забава
Бајага се огласи првпат по откажаните концерти во Хрватска

Момчило Бајагиќ-Бајага се огласи за прв пат откако беа откажани неговите концерти во два хрватски града – Сисак и Солин.
На 1 август, пак, ќе одржи концерт во Пула, во Малиот римски театар.
„Ниту се обидов да разберам, ниту можам да разберам. Никогаш во животот не сум бил вклучен во политика и сум фокусиран само на прекрасно дружење со публиката во Пула“, рече музичарот во интервју за Нови лист.
„Пред неколку концерти ја освеживме листата на песни и сигурни сме дека публиката во Пула ќе биде многу задоволна и едвај чекаме“, додаде тој.
За потсетување, првиот концерт на Бајага во Сисак, кој требаше да се одржи на 4 јуни за да се прослави Денот на градот, беше откажан. Информацијата ја потврди менаџерот на групата Драгослав Гане Пецикоза за локалниот портал Sisak.info.
„Веќе имаме свирено во Сисак и сè помина без проблеми. Објаснувањето е дека новата влада ја најде својата каса празна и нема пари. Мислам, немаме друг избор. Тоа го кажаа. Имаме договор од јануари, но нема причина да тужиме или да се жалиме“, рече тој.
Потоа беше откажан и концертот на Бајага во Солин, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година.
„Ве известуваме дека концертот на бендот Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година, како дел од овогодинешниот Кава Фест, е откажан поради безбедносни и технички причини“, објави Кава Фест, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето.
Но, Далматинскиот портал дознава дека организаторите наводно со недели биле под притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност – без оглед на фактот дека истиот бенд и истиот музичар се редовни гости на хрватските сцени со години, од Пула до Дубровник. На крајот, притисокот си го направи своето и концертот беше откажан.