Македонија
Општина Кисела Вода денеска го прослави патрониот празник Ѓурѓовден

По повод големиот христијански празник Свети Великомаченик Георгиј Победоносец, Ѓурѓовден, кој е патронен празник на општина Кисела Вода, денеска градоначалникот Филип Темелковски, секретарот Александар Алексовски и членот на Советот на Општина Кисела Вода, Зоран Ацевски, присуствуваа на утринската света литургија одржана од поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски гг. Стефан во црквата Св. Ѓорѓи.
Прославата на Ѓурѓовден, патрониот празник на општина Кисела Вода, кој општината традиционално секоја година го прославува, во спортската сала „Независна Македонија“ преку изведби на музички и ритмички точки ja збогатија учениците од општинските основни училишта и јавните детски градинки.
Настанот го проследија градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, члeновите на Советот на Општината: Зоран Ацевски, Емилија Трајковска и Дарко Филиповски. Присутни беа и претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.
На настанот во спортската сала медицинска екипа на Црвен крст спроведе акција за бесплатно мерење крвен притисок и шеќер во крвта. Оваа можност ја искористија околу 50 граѓани.
Локалната самоуправа по 21. го прослави својот патронен и најголем пролетен празник Ѓурѓовден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.