Свет
Разместувањето нови војници од САД на Блискиот Исток е акт на психолошка војна, вели Техеран
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Иран, Кејван Косрави, изјави дека претходните изјави на американските официјални претставници во врска со распоредувањето на групата за напади и на оперативната група за бомбардирање на Блискиот Исток е неумешна употреба на излитен настан за водење психолошка војна против Иран.
Изјавата од Исламската Република доаѓа кога американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, во неделата изјави дека Вашингтон ги распоредува групата за напади и бомбашката единица од САД, „Абрахам Линколн“, во близина на границите на Иран опишувајќи ги како непопустлива сила што ќе одговори на секој напад на американските интереси.
Овој потег на американската војска доаѓа во услови на ново влошување на односите меѓу двете земји. Претходно, во април, САД официјално ја означи иранската Исламската револуционерна гарда, дел од иранските вооружени сили, како терористичка организација. Како одговор на тоа Техеран ја означи целата американска војска како терористичка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Чамец со туристи потона во Бледското езеро во Словенија
На езерото Блед во Словенија, кое секоја година го посетуваат голем број посетители од просторот на поранешна Југославија и околните земји, вчера за малку ќе се случеше трагедија кога, според словенечките медиуми, потона чамец со четворица туристи.
За среќа, тие биле спасени од смрт со брзата реакција на пожарникарите и нуркачите.
„Во 11 часот и 20 минути потона туристички чамец со четворица туристи на Бледското езеро кај вилата Златорог во Блед“, соопшти полицијата на Горење, а јави познатиот словенечки портал siol.net.
Свет
(Видео) Големи поплави во Авганистан, бројот на загинати расте
Три авганистански провинции се погодени од разорни поплави, соопштија денеска властите, додавајќи дека најмалку 153 лица загинале.
Провинцијата Баглан го сноси најголемиот дел од катастрофата. Официјалните лица се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека има најмалку 153 загинати, а уште 100 лица се повредени.
Официјални лица во соседната провинција Тахару објавија повеќе од 20 смртни случаи, додека провинцијата Бадакшан потврди два смртни случаи и две исчезнати лица. Поплавите предизвикаа уништување на имотот и земјоделството во сите погодени подрачја.
#Afganistan’ın kuzeybatısında bulunan Bağlan vilayetinde şiddetli yağışlar nedeniyle meydana gelen sel felaketinde, 5 yerleşim yeri sular altında kaldı.
⚫️ İlk belirlemelere göre en az 33 can kaybı yaşanırken, 60 kişi yaralandı. pic.twitter.com/5gNEJKW2BK
— Afroasya Today (@afroasyatoday) May 10, 2024
Авганистанското Министерство за здравство во соопштение потврди дека телата на жртвите се пренесени во регионалните болници, но ги нагласи тековните напори за утврдување на точниот број на жртви, бидејќи размерите на човечките загуби остануваат нејасни.
Спасувањето е отежнато поради непристапноста на погодените подрачја. Испраќањето на копнени спасувачки тимови се покажа неуспешно, што го натера авганистанското Министерство за одбрана да распореди хеликоптери за операции за пребарување и спасување, како и за транспорт на потенцијални жртви.
Жителите на Баглан ги окарактеризираа поплавите како поголеми од сите претходни.
Авганистан веќе некое време постојано е зафатен од поплави. На почетокот на неделата имаше загинати и разурнувања во делови од земјата по обилните врнежи. Најмалку 70 луѓе ги загубија животите во поплавите минатиот месец.
Експертите ја обвинуваат климатската криза. По децении војни и конфликти, земјата едвај има средства да ги ублажи ефектите од климатските промени.
Свет
Руското Министерство за одбрана тврди: Руската армија презеде контрола над пет населени места во регионот Харков
Руската армија ја презеде контролата врз населбите Борисовка, Огурцово, Плетенјовка, Пиља и Стрелечја во областа Харков, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Армиските единици од групата ‘Север’ ги ослободија населените места како резултат на акциите“, соопшти Министерството, пренесува „РИА Новости“.
Дополнително, се додава дека руската единица поразила четири украински бригади.
„Загубите на непријателот во еден ден изнесуваат 170 војници, три оклопни борбени возила и четири други возила“, нагласуваат од руското Министерство за одбрана.
Исто така, армијата уништила неколку парчиња украинско тешко оружје, посочува Москва.
Украинската страна не ги коментираше овие наводи.
Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека продолжуваат одбранбените битки во регионот Харков против обидите на руските сили да извршат офанзивни акции и да напредуваат подлабоко на територијата на Украина.
Руските сили вчераутро се обиделе да ја пробијат одбранбената линија на украинската армија во областа Харков, а биле испратени резервни единици за зајакнување на одбраната во тој сектор на фронтот, наведува Униан.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно изјави дека руските трупи се обиделе да ги прошират операциите против Украина во регионот Харков.
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, синоќа до Зеленски поднесе извештај за состојбата на фронтот, одбраната и зајакнувањето на позициите, особено во регионот Харков и во правец на Часово Јар.