Свет
„Политико“: Трамп е сѐ поблиску до воен конфликт со Иран

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, го пренасочи насачот на авиони „Абрахам Линколн“ кон Блискиот Исток, бидејќи очекува дека Иран ќе се откаже од договорените обврски за замрзнување на својата нуклеарна програма.
„Претседателот Трамп е најблиску до воен конфликт со Иран во својот досегашен мандат, откако ги пренасочи воените бродови на Блискиот Исток за да одговори на она што официјални лица во понеделникот го оценија како зголемени закани од Иран кон американските војници и воени објекти“, пренесува сајтот „Политико.еу“.
Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, објави дека одобрил распоредување на ударна групација на бродови на чело со носачот на авиони, како и праќање бомбардери на подрачјето на Блискиот Исток, поради, како што тврди тој, основаните сомненија за закана од страна на силите на иранскиот режим.
„(Испраќањето воени средства) претставува разумно распоредување на сили како одговор на основаните сомненија за закана од страна на силите на иранскиот режим“, напиша шефот на Пентагон на „Твитер“.
Тој додаде дека САД го повикуваат иранскиот режим да ги прекине провокациите.
„Ќе го сметаме иранскиот режим за одговорен за секој напад врз американските сили или нашите интереси“, напишал во твитот Шенахан, а пренесе „Ројтерс“.
Во понеделникот портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс, изјави дека овој потег гарантира дека САД ја имаат силата што им е потребна во регионот, со цел да се одговори на непредвидени ситуации и да се бранат војската и интересите на САД во овие области.
Тој додаде дека САД не бараат војна со иранскиот режим, но дека ќе го бранат американскиот персонал, сојузниците и интересите во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.
Свет
Кој доаѓа на погребот на папата Франциско: Трамп веќе објави дека патува во Ватикан

Светските државници го најавуваат своето присуство на погребот на папата Франциско, а американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата мрежа Truth Social објави дека планира да патува во Ватикан со сопругата Меланија на погребот на папата Франциско.
„Меланија и јас ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско во Рим. Со нетрпение очекуваме да бидеме таму“, рече Трамп, пренесува лондонски Гардијан.
Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека ќе присуствува на погребот.
„Ќе присуствуваме на погребот на папата, како што е соодветно“, рече Макрон, разговарајќи со новинарите во Сен Дени де ла Реунион.
Според лондонскиот весник, украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да присуствува на погребот на папата Франциско.
Се очекува дека во наредните денови списокот на светски државници кои планираат да дојдат во Рим брзо ќе се зголеми, што потенцијално ќе отвори простор за средби на маргините на погребот на папата Франциско.
Свет
(Фото) Најпознатите средби со папата Франциско

Папата Франциско почина на 88-годишна возраст, а од него сега се простуваат бројни личности од јавниот живот. Меѓу оние кои имаа можност лично да се запознаат со него беа и некои локални и меѓународни ѕвезди, меѓу кои и Анџелина Џоли, Леонардо ди Каприо, Силвестер Сталоне и многу други.
Леонардо ди Каприо
И светот на филмот и забавата покажаа голем интерес за средба со папата Франциско. Меѓу познатите личности кои имаа можност да го запознаат беше и Леонардо ди Каприо, кој се сретна со папата во 2016 година. Причината за нивната средба беше заедничката загриженост за состојбата на животната средина и климатските промени. Ди Каприо, познат по својата вклученост во областа на екологијата, разговараше со папата за важноста од зачувување на планетата.
Силвестер Сталоне
Познатиот актер Силвестер Сталоне, најпознат по улогата во франшизата Роки, го посети Ватикан во септември 2023 година, придружуван од неговото семејство. Средбата со папата Франциско беше особено срдечна, а насобраните се шегуваа и беа расположени.
Џорџ Клуни
Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, истакната адвокатка за човекови права, се сретнаа со папата Франциско во 2016 година за време на настан во Ватикан посветен на мировното образование.
Анџелина Џоли
Актерката Анџелина Џоли го прикажа својот филм Unbreakable во Ватикан во 2015 година, по што накратко се сретна со папата Франциско. Папата Франциско потоа и подари бројаница.
Кејти Пери и Орландо Блум
Кејти Пери и нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум, се сретнаа со папата во 2018 година на здравствена конференција во Ватикан. Иако Блум беше присутен, средбата беше првенствено за Пери, кој го опиша моментот како длабоко духовно искуство.