Свет
Седуммина убиени и 10 ранети во пукање во затвор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/neredi-vo-zatvor-vo-gvatemala.jpg)
Најмалку седум лица загинаа, а 10 се ранети во престрелка што во вторникот се случи во затвор во Гватемала, соопшти полицијата.
Затворот се наоѓа на 17-ина километри источно од градот Гватемала, објави агенцијата АП.
Сите жртви се затвореници, а затворската управа во вторникот речиси осум часа немала контрола над затворот.
Во овој затвор има 4.137 затвореници иако објектот е изграден за 900.
Камило Жилберто Моралес, директор на затворскиот систем во Гватемала, изјави дека пукањето во дел од затворот било резултат на караница меѓу затворениците.
Според него, избил конфликт меѓу пијани затвореници, а полицијата и натаму собира информации за инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Константинос Тасулас избран за претседател на Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1739360064-7233110-750x500.jpg)
Поранешниот претседател на грчкиот парламент Константинос Тасулас денеска е избран за нов шеф на државата, а ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март, објави порталот Катимерини.
Шеесет и шестгодишниот Тасулас, адвокат и татко на две деца, е пратеник од 2000 година, а претходно раководеше со Министерството за култура и ја извршуваше функцијата заменик министер за одбрана.
За Тасулас гласаа 160 пратеници во 300-члениот парламент.
Тасулас беше номиниран за шеф на државата од премиерот Киријакос Мицотакис, наведувајќи дека тоа го направил врз основа на политичкото искуство на Тасулас, неговиот „обединувачки дух“ и фактот дека е широко прифатен.
Политичките аналитичари ја сметаат номинацијата на Тасулас како обид на Мицотакис да ја зацврсти својата позиција на власт, објави Ројтерс, потсетувајќи дека конзервативната партија на Мицотакис Нова демократија, има тесно парламентарно мнозинство со 156 места и е под зголемен притисок.
Тасулас ќе положи заклетва на 13 март, кога и официјално завршува мандатот на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу.
Свет
Северна Кореја: Предлогот на Трамп – САД да го окупираат Појасот Газа – е празна закана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/gaza5.jpg)
Северна Кореја денеска го карактеризира предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп – САД да го окупираат Појасот Газа – како празна закана.
Овој предлог ги уништи надежите на Палестинците за постигнување мир, наведе Корејската централна новинска агенција, пренесува „Ројтерс“.
Трамп изјави дека САД имаат намера да го преселат населението во Газа и да ја претворат областа во ривиера на Блискиот Исток.
Пјонгјанг ги критикува и најавите од Вашингтон за заземање на Панамскиот Канал и на Гренланд и одлуката на Трамп да го преименува Мексиканскиот Залив во Американски Залив.
Беше речено дека САД треба веднаш да престанат да ги нарушуваат достоинството и суверенитетот на другите земји и народи, според „Ројтерс“.
Свет
Орбан: АфД е иднината на Германија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_677z381_alis-vajdel-afd-epa-efe-CLEMENS-BILAN-1.jpg)
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Будимпешта разговараше со копретседавачот на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) Алис Вајдел и рече дека оваа партија е иднината на Германија.
„Иднината во Германија ја пишува АфД. Чест е што претседателката на партијата Алиса Вајдел ја посети Будимпешта“, напиша Орбан на Фејсбук.
Како што објави порталот „Hungary Today“, најважна тема на разговор била европската миграциска криза.
Орбан и кандидатот за германски канцелар се согласија дека запирањето на илегалната миграција, зајакнувањето на безбедноста на Европа и можноста за промена на европската политичка насока се клучни задачи.
Друга клучна тема на средбата беше прашањето за европската мировна и воена политика.
Орбан претходно изјави дека, иако во сè не се согласува со АфД, има прашања за кои делат исти ставови, пренесува Танјуг.