Македонија
МИОА ќе ја информира ЕК за реформите во администрацијата
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за одржаниот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација и го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација да номинира посебен тим задолжен за координација, мониторинг и известување во однос на реформите и да ја информира Европската комисија преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 31.05.2019 година.
Владата го разгледа Извештајот за евалуацијата на пристигнатите понуди за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи и донесе одлука за изменување на одлуката за започнување на постапката за доделување концесија за користење нвода за производство на електрична енергија со која се продолжува рокот за донесување решенија до конечното усогласување на критериумите за доделување на концесиите.
На предлог на министерот без ресор за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите, Владата ја разгледа и усвои Информацијата со предлог-акциски план за развој на културата на Ромите согласно Стратегијата за Роми 2014-2020, и го задолжи Министерството за култура во своите годишни планови и програми да интегрираат активности од Акцискиот план за развој на културата на Ромите и за негова реализација да предвидат средства во буџетот.
Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за завршени преговори за склучување меморандум за разбирање помеѓу Владата и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за соработка во областа на дијаспората.Целта на овој меморандум за разбирање е двете страни да ја продлабочат директната соработка преку советодавна поддршка за развој на политики и стратешки документи за дијаспората, за поддршка во ефективно ангажирање на дијаспората, и за градење на капацитетите на институционалните чинители кои имаат надлежности за прашања поврзани со дијаспората и за следење на напредокот и мерење на резултатите во областа на ангажирањето на дијаспората, како и за заедничко прибирање финансиски средства за поддршка на проекти за дијаспората.
Владата ја разгледа и усвои информацијата за извршените преговори за склучување меморандум за соработка помеѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Црна Гора за соработка во областите на здравството и медицината, и го прифати нацрт текстот на меморандумот за соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

