Свет
Во луксузна вила во Лос Анџелес запленети повеќе од 1.000 пушки

Повеќе од 1.000 пушки и пиштоли и илјадници парчиња муниција беа запленети во средата во вила во луксузниот дел на Лос Анџелес, недалеку од палатата „Плејбој“.
Постапувајќи по дојава во врска со нелегална продажба на огнено оружје, полицијата и федералните агенти пристаплие во објектот со налог за претрес околу 4 часот наутро. Инаку, вредноста на имотот се проценува на милиони долари, а тој се наоѓа на границата меѓу угледните соседства Бел Ер и Холмби Хилс, пренесоа властите.
Фотографии од местото на настанот покажуваат купишта пушки и пиштоли распослани на патеката пред куќата. На други, пак, се гледа маса на која се наредени многу кутии со муниција.
Иако голем дел од запленетото оружје е современо, некои од пушките се стари и над 50 години, а некои од нив можеби се и колекционерски парчиња, кои датираат од Граѓанската војна, објави „Тајм“.
„Никогаш не сум видел толку многу оружје во мојата 31-годишна кариера“, изјавил полицискиот службеник Крис Рамирез. „Станува збор за огромен арсенал оружје за место како ова, во ваков тип на населба. Целата работа е зачудувачка“, додал тој.
Еден човек бил уапсен на местото на настанот поради сомневање дека го прекршил државниот закон со кој се забранува производство, поседување или продажба на воено оружје и пушки во голем калибар. Неговото име не беше веднаш објавено.
Инспекторите не објавија други детали, како, на пример, дали оружјето е дел од приватна колекција или на кого му биле продавани пушките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белорусија испраќа рекордни количини бензин во Русија

Белорускиот железнички извоз на бензин во Русија се зголеми за четири пати во септември во однос на претходниот месец, бидејќи Москва се справува со недостиг на гориво предизвикан од украинските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, објавија извори од индустријата синоќа, објави „Ројтерс“.
Неколку руски региони беа принудени да воведат мерки за штедење и привремено да ги замрзнат цените на горивата во последните недели. Причината е недостигот на популарни видови бензин предизвикан од напади со беспилотни летала насочени кон рафинерии и други енергетски објекти.
Како одговор, Москва, исто така, го ограничи извозот на бензин и дизел. Ова не е првпат Русија да се потпира на соседна Белорусија, таа, исто така, го зголеми увозот на гориво минатата година за да го покрие недостигот на пазарот.
Според извори, пратките на бензин со железница од белоруските рафинерии до рускиот домашен пазар минатиот месец достигнаа 49.000 метрички тони, што е еквивалентно на 14.500 барели дневно. Заедно со бензинот, испораките на дизел во септември изнесуваа 33.000 тони.
Свет
Киев бесен на Меркел: „Зборовите на поранешната канцеларка се неприфатливи“

Киев остро реагираше на тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека Полска и балтичките земји ги саботирале обидите за решавање на украинскиот конфликт во 2021 година, што, како што изјави таа, индиректно придонело за почетокот на „Новата светска војна“, објавува Политико.
Меркел во интервју изјави дека Франција и Германија потоа предложиле воспоставување нов формат за преговори со Русија, кој би ги заменил договорите од Минск, но Варшава и балтичките престолнини одбиле да ја поддржат иницијативата.
Таа проценка предизвика негодување во Киев, каде што висок украински функционер, според Политико, рекол дека зборовите на поранешната канцеларка се „неприфатливи и, искрено, одвратни“.
Во истото интервју, поранешната германска канцеларка, исто така, оцени дека обвинувањето дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е „тројански коњ“ на рускиот претседател Владимир Путин во рамките на Европската Унија е „глупост“, посочувајќи на потребата да се запрат меѓусебните обвинувања во рамките на ЕУ и да се обнови дипломатскиот дијалог.
Фото: принтскрин
Свет
Светската здравствена организација тестира смртоносен сируп против кашлица

Светската здравствена организација (СЗО) побара информации од Индија за тоа дали сирупот против кашлица поврзан со смртни случаи кај деца во земјата е извезен во други земји, соопшти денес агенцијата.
СЗО изјави за Ројтерс дека ќе разгледа издавање глобално предупредување за медицински производ во врска со сирупот Колдриф откако ќе добие официјални информации од Њу Делхи, објави Ројтерс.
Според информациите од локалните власти, најмалку 17 деца под петгодишна возраст починале во текот на изминатиот месец откако консумирале сируп што содржел високи концентрации на токсичното соединение диетилен гликол, речиси 500 пати над законската граница.
Фото: принтскрин