Македонија
Заев прими делегација од „Дојче веле“: Имате огромен придонес во информирањето на нашите граѓани
Премиерот Зоран Заев прими делегација на германскиот медиумски сервис „Дојче веле“, кој годинава слави 65 години од своето постоење и 50 години од Програмата на македонски јазик.
Како што информираат од владината прес-служба, делегацијата на „Дојче веле“ со главната уредничка на eвропската програма, Аделхајд Фајлке, заедно со уредникот на програмата на македонски јазик, Борис Георгиевски, придружувани од германскиот амбасадор, Томас Герберих, и советничката во Амбасадата, Бјанка Зафировиќ-Орданоска, се заблагодарила за можноста да се сретнат со премиерот Заев по овој повод и го нагласила своето задоволство што во исполнувањето на нивните професионални медиумски обврски, во Владата и во нејзините претставници имаат, како што рекле од делагацијата, соговорници што се постојано достапни и транспарентни за своите политики.

Заев на средбата го потенцирал огромниот придонес на „Дојче веле“ во информирањето на граѓаните на нашата земја и истакнал дека е еден од најкредибилните извори.

„’Дојче веле’ со својата Програма на македонски јазик продолжува да биде мост на соработка меѓу Северна Македонија и Германија, да ги поддржува демократските процеси во Северна Македонија и да биде промотор на заемните интереси за интеграција на двете земји во евро-атлантските структури“, истакнал премиерот на средбата со делегацијата на германскиот медиумски сервис.
На средбата во придружба на Заев бил и министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

