Македонија
(Видео) Арсовски: Антикорупционерите да отворат уште еден случај за Анѓушев и брат му

,,Вчера бевме сведоци како вицепремиерот Кочо Анѓушев тврдеше дека сите одлуки што се носеле во врска со хидроцентралите ТОПОЛКИ биле кога тој не бил член на Владата. Веднаш да расчистиме, лаже.Одлуката на неговиот колега министер Садула Дураку за продолжување на рокот за градба на хидроцентралите со анекс договор била токму во 2018 година кога Кочо Анѓушев веќе е вицепремиер. Се отвора сомнеж дека Кочо Анѓушев влијаел врз неговиот колега Садула Дураку да му се продолжи рокот за градба на хидроцентралите од 3 на дури 5 години, рок кој во договорот за концесија кој што е претходно склучен е утврден во член 68 и е само 3 години.Оттука се продолжува на 5 години бидејќи не биле испочитувани сите делови од договорот”, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека тоа ќе го истражат и расчистат антикорупционерите, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави деновиве сите документи кои ги поседува и кои ќе можат да им користат во истрагата на ДКСК.
,,Денеска ќе апелираме до антикорупциската комисија да отвори и разгледа уште еден случај за давање согласност по долготраен закуп на градежно земјиште на фирмата МХЕ Падалишка ДОО Скопје, хидроцентрала во која повторно се јавува како сопственик Кочо Анѓушев и неговиот брат Тодор Анѓушев.Зоран Заев на 28 јануари оваа година, преку непосредна спогодба на седница на Влада им доделил околу 2000 м2 на фирмата МХЕ Падалишка која е на неговиот вицепремиер Кочо Анѓушев. Повторно имаме случај кој треба антикорупционерите сериозно да го разгледаат и да проверат дали можеби и во овој случај со хидроцентралата Падалишка се продолжувани рокови за градба со анекс договори.
Иако Кочо Анѓушев ја убедуваше јавноста дека нема повеќе да учествува со своите фирми секаде каде што ќе има контакт со државата, сега гледаме дека се случува спротивното. Повторно сомнеж за злоупотреба на позицијата вицепремиер и повторно сомнеж за извршено влијание од страна на Кочо Анѓушев.Сите документи кои ги поседуваме ќе бидат доставени до антикорупционерите, а понатака ќе и бидат и достапни на увид на јавноста.Засега ги охрабруваме антикорупционерите да не подлегнуваат под притисоци и да ги расчистат сите сомнежите на каков начин е влијаено врз овие процеси за концесија”, додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.