Македонија
Мирот и безбедноста во регионот, во фокус на средбите на Пендаровски со претседателите на Бугарија и Албанија
Во претседателскиот кабинет денеска се одржа официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки воени и државни почести.
По свечената церемонија, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.
На средбата со претседателот на Република Бугарија Румен Радев, претседателот Пендаровски изрази цврста определба за натамошно зајакнување на добрососедските односи и продлабочување на политичкиот дијалог со Република Бугарија. Двајцата претседатели истакнаа дека заеднички ќе се заложуваат во афирмирањето на мирот и стабилноста во регионот со цел негова забрзана интеграција во евроатлантските структури. На тој план, претседателот Пендаровски изрази очекување дека поддршката од Република Бугарија ќе продолжи и во иднина.
На средбата со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија ќе продолжи да ја гради меѓусебната доверба со Република Албанија и дека македонското членство во НАТО ќе биде од суштинско значење за безбедноста, мирот и просперитетот на целиот регион.

Претходно, во Собранието, Пендаровски оствари средба и со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели изразија уверување дека билатералните односи меѓу двете земји и натаму ќе се зајакнуваат и дека заеднички ќе придонесат во интензивирање на севкупната соработка на сите полиња од заеднички интерес.
Тројцата претседатели на претседателот Стево Пендаровски му упатија срдечни честитки за изборот и му посакаа успешно извршување на функцијата Претседател.
Претходно, во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Катругалос. На средбата, шефот на грчката дипломатија му упати честитки на новоизбраниот претседател и му посака успех во вршењето на должноста. Двајцата соговорници изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните односи и политичката клима меѓу двете држави.
Пендаровски денеска во Кабинетот на Претседателот оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.
На средбите со странските државници, новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се заблагодари за упатените честитки и укажаната чест и изрази надеж дека Република Северна Македонија во периодот што следи ќе прерасне во вистинска модерна европска демократија и рамноправен партнер на земјите членки на НАТО и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

