Контакт

Култура

Здружението на издавачи и книжари ги додели наградите на Саемот на книгата

Објавено пред

Во рамки на на годинашниот XXXI Меѓународен саем на книгата во Скопјe, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија традиционално ги додели наградите за најдобрите изданија издадени меѓу двата саеми на книгата, поделени во пет категории.

dobivaj vesti na viber

За наградите одлучуваше стручна комисија во состав проф. д-р Александар Прокопиев, претседател, проф. д-р Иван Џепароски, член, и проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, член.

 Добитници на наградитe се следниве книги и автори:

I. КАТЕГОРИЈА: Најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми

 I. награда
„АЛШАР (Светско природно наследство)“ – Глигор Јовановски, Блажо Боев, Трајче Стафилов, Петре Макрески, Владо Матевски, Иван Боев во издание на МАНУ – Скопје

II. награда
„Безразборна лабораторија“ од Влада Урошевиќ, во издание на ИК Магор од Скопје

II. КАТЕГОРИЈА: Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми

 I. награда
„Поп-глам“ од Златко Глигоров, во издание на „Пагома прес“ од Скопје

III. КАТЕГОРИЈА: Најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми

I. награда
„Светот на Биби од А до Ш“, текст од Билјана С. Црвенковска, илустрации Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, во издание на Бибиленд

II. награда
„Илустрирани приказни од Шекспир“, уредник Ана Иванова, илустрации Ана Григорјев, во издание на „Просветно дело“ од Скопје

III. награда
„Среќен роденден“ од Ели Маказлиева, илустрации Игор Јовчевски, во издание на „Едука мак“ од Скопје

IV. КАТЕГОРИЈА: Награда „Јаков од Камена Река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција меѓу двата саеми:

I. награда
„Културен атлас на исламот“ од Исмаил Р. ел Фаруки и Лоис Ламија ел Фаруки, во издание на „Логос-А“ од Скопје

II. награда
„Белешки 88-014“ од Тихомир Стојков, во издание на „Авант прес“ од Скопје

V КАТЕГОРИЈА: Најдобар книжар меѓу двата саеми:

Магдалена Стојмановиќ од издавачката куќа „Икона“ од Скопје

Култура

Концерт на Георги Шарески на Есенските музички свечености

Објавено пред

Од

Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10. (петок) со концерт на Георги Шарески – соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19.

dobivaj vesti na viber

Георги Шарески е гитарист, композитор и аранжер кој се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата музика се карактеризира со длабока емоционалност, комплексна хармонија и суптилна виртуозност.

Со девет авторски албуми, Шарески настапува како соло артист и со врвни музичари од Македонија и пошироко. Неговите проекти ги надминуваат жанровските граници, спојувајќи традиција и современ израз.

Редовно настапува на реномирани фестивали и сцени во Европа и светот, придонесувајќи за меѓународната афирмација на македонската современа музика.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на Аница Китаноска „Скаменети потези: еволуција на формата“ во Битола

Објавено пред

Од

Вечерва со почеток во 19 и 30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на уметницата Аница Китаноска, насловена „Скаменети потези: еволуција на формата“. Изложбата ќе биде отворена во изложбениот простор Магаза – Битола.

dobivaj vesti na viber

Изложбата ќе ја отворат директорката на НУ Завод и музеј – Битола, Маргарита Спасов, која ќе даде воведен збор, кустосот советник во истата установа, Наде Геневска-Брачиќ, и уметницата Љубица Мешкова Солак, членка на ДЛУМ која живее и работи во Битола.

Изложбата ја заокружува трилогијата посветена на односот меѓу мозаикот и сликарството. Таа ја истражува трансформацијата на уметничкиот гест во трајна форма, каде што традицијата се преобликува во современ израз.

Битола, со своето богато мозаично наследство, станува простор на континуитет и преобразба, точка каде што минатото и сегашноста се спојуваат во нова визуелна целина.

Изложбата се одржува во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), НУ Завод и музеј Битола, Музеј на Град Скопје и со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Изложбата ќе биде отворена од 27 октомври до 12 ноември 2025 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“ во КСП „Центар – Јадро“

Објавено пред

Вечерва, во 20:00 часот, во КСП Центар – Јадро ќе се oтвори изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“, дел од континуираната читачка група што веќе пет години функционира во рамките на програмата за критичка теорија и современа уметност.

dobivaj vesti na viber

Оваа година форматот е проширен – покрај теоретските средби, проектот вклучува и уметничко истражување кое ја поврзува теоријата со уметничката практика, отворајќи простор за нови форми на критичко изразување и дијалог со јавноста.

Темата за ова година „Јавен простор – Место за конфликт“ се фокусира на политичките, социјалните и економските сили што го обликуваат јавниот простор, како и на начините на кои пристапот, сопственоста и контролата влијаат врз неговата демократска природа.

Изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“ е создадена од уметниците Ивана Мирчевска, Елена Чемерска и Амир Карахасан, во рамки на процес инициран од Ѓорѓи Пулевски и модериран од Ивана Драгшиќ.

Таа истражува како телата, гестовите и блискоста стануваат облик на отпор и колективно преосмислување на јавниот простор – терен каде се судираат различни желби и логики на присуство. Во време кога просторот на градот се сведува на транзитна зона, изложбата предлага перформативен и поетски гест на враќање на чувството на заедништво, припадност и заедничко битисување

Прикажи повеќе...

Најново

Топ19 минути

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 часа

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ2 часа

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...

Топ3 часа

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот што пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа4 часа

(Видео) Путин се пофали со летачкиот „чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...

Македонија5 часа

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот...

Европа5 часа

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да...

Европа6 часа

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информира за ситуацијата во текот на целата ноќ....

Топ19 часа

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за...

Македонија19 часа

Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на,...

Македонија21 час

И меѓународната заедница гледа со неверување дека некој во 21 век може да се однесува така, рече Мицкоски по повиците за етничко гласање во вториот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница испрати порака дека сите кои работат за иднината на државата имаат негова...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во...

Македонија22 часа

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет1 ден

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет1 ден

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...

Свет1 ден

Трговските преговори меѓу САД и Кина се во тек

Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските...

Македонија1 ден

Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање

Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни...

Македонија2 дена

Почина Агим Јонуз

Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување. Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има...

Свет2 дена

Трамп: Имам многу добар однос со кинескиот претседател, сакам да ми помогне со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на помош од Кина во решавањето на ситуацијата со Русија и завршување...