Црна хроника
,,Пежо” излета од патот Јажинце – Тетово, возачот тешко повреден
Возач е тешко повреден откако излетал до возилото на патот Јажинце – Тетово. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 12:00 часот на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во село Беловиште.
Б.Ј.(45) од село Рогачево, управувајќи патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид извршила екипа на СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

