Свет
Индонезија ја засили безбедноста пред објавувањето на резултатите од претседателските избори

Индонезискиот тим за борба против тероризмот уапси најмалку 10 лица осомничени за планирање напади пред објавувањето на резултатите од оспорените претседателски избори во април, кое треба да се случи следната недела, објави полицијата.
Апсењата доаѓаат во време кога тензиите во земјата се на високо ниво, поради што Индонезија ја засили безбедноста пред објавата на резултатите на 22 мај од страна на Генералната изборна комисија (КПУ).
Објавата се очекува да ги потврди неофицијалните пребројувања кои покажуваат дека актуелниот претседател Џоко Видодо е резибран.
Речиси 32.000 полицајци и воени лица, како и трупи од други провинции, се распоредени во главниот град Џакарта за да го заштитат настанот, рече портпаролот на националната полиција.
„Преку испрашувањата откривме дека осомничените планирале да нападнат масовни собири на 21, 22 или 23 мај“, рече тој. „Нивната цел е да создадат хаос и да нападнат што е можно повеќе жртви, вклучувајќи ја и полицијата“.
Осомничените припаѓале на најголемата терористичка организација во земјата поврзана со исламската држава, а властите се во потрага по повеќе членови, додаде портпаролот.
Прабово Субиано, поранешен генерал кој беше главен противник на Видодо, одби да ја признае победата на претседателот, а неговиот тим тврди дека за време на изборите имало „масовно мамење и неправилности“.
„Ги освоивме гласовите на народот“, изјави поранешниот генерал. „Ако се откажеме, тоа значи дека ние се предаваме пред неправедноста, а тоа значи дека ја предаваме нашата сопствена земја и нашиот народ“.
Над 80% од гласовите се веќе пребројани и Видодо води во трката со освоени 56 отсто од нив, рече изборната комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.