Македонија
Петровска: Неопходна е изработка на стратегија за развој на зеленилото

Со цел да се акцентира урбаното зеленило како неопходен услов за здрав и квалитетен живот во градовите и населените места, денес во Скопје се одржа конференција на тема: „Како да го зазелениме урбанизмот“.
На конференцијата се дискутираше за степенот на имплементација на Законот за урбано зеленило, што е донесен во јануари 2018 година, со одредби за најмалку 20 проценти зеленило на градежна парцела. Главен акцент беше ставен на прашањата: какво место има и какво треба да има зеленилото во процесот на урбанистичко планирање, колку се применува Законот за зеленило со новите одредби, каде лежат пречките за Законот и како да се обезбеди негова поефикасна примена, а со тоа и хуманизирање на просторот.
Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, на настанот го промовираше Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото, нагласувајќи го неговото значење за успешна примена на овој Закон.
„Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото го изработува и наскоро ќе го усвои Министерството за животна средина и просторно планирање, како резултат на веќе донесениот Закон за урбано зеленило. Правилникот има голема важност како дополнување на постојните одредби на Законот, но треба да претставува и основа за изработка на идните закони за урбанистичко планирање, со цел урбаното зеленило да го заземе потребното место“, истакна Петровска, посочувајќи дека новина на правилникот е начинот на кој во иднина ќе се проектираат објектите, со обврска, пред да се добие градежна дозвола, да се докаже дека на ниво на градежната парцела има 20 проценти урбано зеленило.
Понатаму, Петровска ја најави потребата од изработка на стратегија за развој на зеленилото, со која ќе се обезбеди, во загадените градски подрачја, каде што има недоволно проветрување и топлотни острови, да се создадат нови зелени површини, да се прошири зеленилото на дегадирани и опустошени простори, да се рекултивираат постојните диви депонии, а истовремено да се работи и на намалување на влијанието на климатски промени, како и на подобрување на микроклимата на градот.
Во рамки на деталните урбанистички планови, ќе се работи и на основни планови за урбано зеленило, со што ќе се обезбеди да биде реализирано сè она што е зацртано во стратегијата.
На конференцијата се дискутираше за искуствата од ревизијата на ДУП-овите во општина Центар и третманот на урбаното зеленило, за улогата на граѓанските контроли во одбрана на зеленилото, како и за значењето на Законот и подзаконскиот акт од аспект на Агенцијата за планирање на просторот и од аспект на ЈП „Паркови и зеленило“.
Организатори на настанот се НВО „Зелен институт“ од Скопје и Демократска обнова на Македонија – ДОМ, а со поддршка на Bureau de Helling од Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.