Регион
Унгарија и Словачка отворија нов граничен премин преку Дунав
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/dunav-vo-slovacka.jpg)
Во рамки на проект финансиран од Европската Унија, ќе биде воспоставена фериботска врска, која ќе служи како нов граничен премин меѓу Унгарија и Словачка во рок од две години, објавија денеска официјални лица од министерствата на двете земји во Радвањ на Дунав.
Траектот ќе превезува возила, велосипеди и автомобили, а по речен пат ќе ги поврзува винскиот регион Несмели во Унгарија и областа Радвањ во Словачка.
Се очекува дека ваквиот премин дневно ќе го користат околу 600 возила, пренесе МТИ.
Проектот вклучува изградба на паркинг-простори, објекти за траектот, рампи од двете страни и патни врски.
Петер Кис-Парчиу, заменик на државниот секретар во унгарското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција изјави дека владите на Унгарија и Словачка во 2014 година се согласиле да го зголемат бројот на граничните премини.
Во моментов, на границата долга 677 километри има 33 гранични премини, а планирано е до 2022 година да бидат изградени уште шест нови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-11-115215.jpg)
Србинката (34) осомничена дека го убила својот сопруг Костас Сијамитрас во Лептокарија, Грција, а потоа го закопала во дворот од нивната куќа и тврдела дека го нема пет месеци, денеска ќе се појави на суд.
Истовремено, семејството на убиениот смета дека обвинетата не дејствувала сама и бара да се знаат сите околности во кои е убиен Костас.
„Ќерката на жртвата цврсто верува дека има соучесник, а ако не во извршувањето на злосторството, тогаш секако во обидот да го прикрие пренесувањето и закопувањето на татко ѝ“, вели Димитрис Милонерос, адвокатот на ќерката на убиениот, за „Прототема“.
Во текот на прелиминарната истрага 34-годишната жена тврдела дека по расправијата што ја имала со својот партнер, тој паднал, си ја удрил главата и бил смртно повреден. Потоа сама го носела и го закопала во дворот од нивната куќа. Шокантната информација е дека за сите овие месеци колку што властите трагаа по 58-годишниот, неговиот тригодишен син си играл во дворот од куќата, каде што минатиот четврток бил пронајден закопан, според признанието на жената.
Според информациите, откако ќе заврши распитот на Србинката и во зависност од истражните дејства што ќе бидат наредени, не е исклучено роднините на жртвата да побараат реконструкција на делото.
Регион
(Видео) Еди Рама пцуеше и удираше на масата во интервју емитувано во живо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/edi-rama-nervozen.jpg)
Еди Рама, албанскиот премиер, луто одговори на прашања на социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Тирана, негов близок соработник.
Албанскиот премиер изјави дека по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, тој нема да поднесе оставка и дека само срцето или народот може да го тргнат од политиката.
Тој во видеоинтервју емитувано во живо на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници, по апсењето на Велијај, побрзаа да побараат негова оставка, пишува „Евроњуз на албански јазик“.
Edi Rama has a complete meltdown during a live broadcast. pic.twitter.com/XeHCBBs7kw
— Admirim (@admirim) February 11, 2025
Во еден момент Рама удри со раката на масата и пцуеше на англиски јазик.
„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат од кога влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно бргу за да ме разбуди наутро или народот на Албанија ќе ме отстрани“, рече Рама.
Понатаму изјави дека за ова прашање ќе формира отворена јавна комисија.
„Од која причина да поднесам оставка? Ќе се справиме со ова прашање внимателно, ќе формираме отворена јавна комисија доколку е потребно“, рече Рама.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство, а Специјалниот суд за борба против корупцијата и организираниот криминал ѝ одреди куќен притвор на неговата сопруга Ајола Џоџа и нареди претреси во станот што наводно го користела.
Регион
Рама: Заборавете на мојата оставка, само срцето или народот ќе ме отстрани од политиката
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_677z381_73-6707e814b7b98.jpg)
Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, нема да поднесе оставка и дека само срцето или народот може да го тргнат од политиката.
Тој во видеоинтервју на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници по апсењето на Велијај побрзале да побараат оставка, пишува на албанскиот „Евроњуз“.
„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат откако влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно бргу за да ме разбуди наутро или народот на Албанија ќе ме отстрани“, рече Рама.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство (СПАК), а Специјалниот суд за борба против корупцијата и организирниот криминал (ЃККО) ѝ одреди домашен притвор на неговата сопруга Ајоли Џоџи и нареди претрес во станот што го користеше.