Економија
Анѓушев: Владата активно работи на зголемувањето на производството на електрична енергија од обновливи извори
Енергетската транзиција не е само тренд, таа претставува реалност и потреба, а секоја земја поединечно, но и сите земји од регионот заедно треба да спроведуваат активности во насока на побрза реализација за истата, во интерес на стопанството и граѓаните, истакна вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, говорејќи на панелот „Енергетската транзиција во светот и регионални предизвици во пристапувањето кон глобалниот тренд“, во рамките на Вториот македонски енергетски форум, кој денес и утре се одржува во хотел „Изгрев“ во Струга.
Вицепремиерот нагласи дека во периодот помеѓу двата форума, Владата на Република Северна Македонија спроведе повеќе активности со кои реформите во енергетскиот сектор, кои беа забавени, значително се забрзаа и се овозможи реализација на повеќе проекти во енергетиката со цел да се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори. Тој додаде дека и преку Законот за енергетика, усвоен во мај 2018 година и преку Стратегијата за енергетика, која е во фаза на подготовка и ќе ги опфати наредните 20 години, силно се поддржува транзиција од конвенционално производство на електрична енергија кон еколошко производство, односно зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.
„Преку Законот за енергетика и воведувањето на ‘Премиум’ се овозможува изградба, а со тоа и значително зголемување на производство на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, ресурс кој Северна Македонија го има во изобилство. Наскоро ќе биде објавен првиот јавен повик за изградба на фотоволтаични централи со вкупна инсталирана моќност од 62 MW, од кои 35 MW ќе бидат на државно земјиште и 27 MW на приватно земјиште. Владата максимално ќе им помогне на инвеститорите кои на јавниот повик ќе бидат избрани за изградба на фотоволтаични централи на државно земјиште, со уредување на градежното земјиште, асистирање во административните постапки и асистирање за обезбедување приклучок кон дистрибутивната мрежа, со што ќе се забрза процесот на изградба. Во наредниот период ќе бидат изградени фотонапонски електрани со инсталирана моќност од вкупно 200 MW, а доколку се земат предвид и ветерните електрани, малите хидроелектрани и други видови на обновливи извори, вкупната инсталирана моќност се очекува да достигне до 350 MW, што е значително повеќе од она што во моментов располага Република Северна Македонија“, подвлече Анѓушев.
Покрај заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на панелот зборуваа и Јанез Копач, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, Џавид Зариќи, заменик-министер за економски развој на Република Косово, и г. Марко Радуловиќ, генерален директор во Директоратот за енергетска ефикасност во Министерството за економија на Црна Гора.
Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач, истакна дека е задоволен од реформите што се спроведуваат во енергетскиот сектор во Република Северна Македонија и подвлече дека нашата земја е една од најактивните во последниот период во ова поле. Тој додаде дека процесот на декарбонизација во земјите на Европската Унија активно се спроведува и дека сите земји треба да го следат тој тренд.
„Создаваме иднина за наредните генерации, оние земји кои го спроведуваат процесот на декарбонизација во иднина ќе се сметаат за развиени земји, додека оние кои тоа не го прават, ќе се сметаат за помалку развиени“, рече Копач.
Заменик-министерот за економски развој на Република Косово, Џавид Зариќи, нагласи дека Владата на оваа земја исто така е посветена на енергетската транзиција која ќе се спроведува преку рехабилитација и модернизирање на постоечките енергетски капацитети, изградба на нови еколошки прифатливи капацитети и со подигнување на енергетската ефикасност. Тој подвлече дека Владата на Косово има донесено одлука за изградба на нова електрична термо централа, „Ново Косово“, која ќе произведува електрична енергија во согласност со еколошките стандарди, инвестиција од 1,3 милијарди евра, како и одлука за рехабилитација и модернизација на термоелектраната „Косово Б“, инвестиција од околу 300 милиони евра.
Претставникот на Министерството за економија на Црна Гора, Марко Радуловиќ, подвлече дека Владата на оваа земја вложува големи средства во енергетската ефикасност, а нагласи дека очекува до крајот на 2019 година, дури 61% од вкупната произведена електрична енергија да биде од обновливи извори, од кои над 50% од хидроелектрани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта. 4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Економија
Фероинвест на „Енерго Технома 2025“ – претставено искуството од првата лиценцирана батерија на електрана во Македонија
На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку партнери, а изведена од ФЕРОИНВЕСТ.
Бројни сопственици на фотоволтаични електрани се заинтересирани за поставување батериски системи за складирање електрична енергија на нивните објекти, по примерот што го реализираше ФЕРОИНВЕСТ, кој е ексклузивен застапник за Македонија на батериите од глобалниот бренд WHES (WEIHENG).
Инженерскиот тим на саемот ги запозна инвеститорите со искуството од првите недели на работењето на батеријата, кое покажа дека е постигната двојно повисока цена за продажба на електричната енергија, во споредба со фотонапонска електрана без батерија. Ова значи дека инвестицијата во батеријата ќе се исплати за само три години, а дополнително ќе ја подобри вкупната исплатливост на електраната.
Батеријата овозможува складирање на електричната енергија во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и користење или продажба во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката и цените се значително повисоки.
На овој начин, батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.
Овој тренд, кој произлегува како последица од инсталирањето на поголем капацитет на фотоволтаични електрани од реално потребниот, ФЕРОИНВЕСТ го согледа уште пред две и пол години и започна со истражување и инвестирање во развој на батериски системи.
Батерискиот систем на фотонапонската електрана во Гиновце претставува првата батерија во Македонија која има градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија, согласно новите законски одредби што ја уредуваат оваа нова област на енергетската транзиција во земјава.
Батерискиот систем е поставен на фотонапонската електрана во Гиновце, во близина на Крива Паланка.
Електраната има инсталирана моќност од 4,5 MW (мегавати) и батериски систем со капацитет од 6,1 MWh (мегаватчаса), со кој секојдневно управува ФЕРОИНВЕСТ преку сопствен систем за програмирање и контрола.
(ПР)
Економија
Децата од градинката „Пролет“ во посета на МИНТ финтек-групацијата по повод Денот на штедењето
По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, МИНТ Финтек Групацијата ги отвори вратите на своите главни канцеларии во Битола и организираше посета за најмладите, децата од детската градинка „Пролет“.
Во духот на едукацијата и добрите финансиски навики, децата имаа можност да се запознаат со симболиката на штедењето и да научат како преку мали чекори може да се создадат големи навики. Со нивните насмевки и прашања за тоа „како растат парите“, денот доби најубава смисла.
Секое дете доби специјално дизајнирана Mint касичка – со мотиви од вселената и природата – симбол на љубопитност, раст и одговорност. Покрај тоа, децата изработија и цртежи на тема „штедење“ кои останаа изложени во канцелариите на компанијата како потсетник дека најубавите инвестиции се оние во иднината.
„Во Mint Fintech Group веруваме дека финансиската писменост почнува уште од најрана возраст – преку игра, боја и инспирација. Затоа секоја година на овој ден сакаме да им ја приближиме на децата идејата за штедење како нешто убаво, креативно и значајно,“ велат од компанијата.
Настанот беше организиран во соработка со воспитувачите од ЈОУДГ „Естерија О. Мара“ – објект „Пролет“, а ќе продолжи и утре во знак на Денот на осигурувањето, со нови активности посветени на безбедноста и довербата.
Mint Fintech Group продолжува да вложува во развојот на финансиската едукација и општествената одговорност, градејќи култура на штедење и доверба меѓу најмладите генерации.
(ПР)

