Црна хроника
Кривична пријава за малолетничката што го остави своето новороденче на улица
Полицијата поднесе кривична пријава против седумнаесетгодишната скопјанка која пред три дена го остави своето новороденче на улица.
Според информациите на МВР, против А.А (17) од Скопје е поднесена пријава за напуштање немоќно дете. Таа во вторникот околу 11 часот на булевар Македонско-косовска бригада го оставила на земја своето новородено машко бебе во близина на нејзината куќа.
Новороденчето било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде што било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба.
По наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК-анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на бебето. За случајот бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

