Свет
Гваидо тврди дека тајните средби со претставниците на Мадуро не се преговори
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо објасни дека тековните средби меѓу неговите претставници и претставниците на претседателот Николас Мадуро во Осло не се преговори, туку обид да се седне на преговарачката маса, пренесува „Ел Насионал“.
„Ова не е во никој случај не се преговори. Ова се обидите на Норвешка да дејствува како посредник и траат со месеци”, изјави Гваидо.
Лидерот на опозицијата потсети дека ова е вторпат Норвешка ги покани страните во судирот во Венецуела да седнат на преговарачката маса во Осло.
„Нема разлика меѓу овој состанок во Норвешка и другите состаноци. Намерата на Норвешка е да дејствува како посредник во решавањето на кризата, која е слична на намерата на Меѓународната контакт-група, групата Лима, Канада и други. Тоа е уште една иницијатива на држава која бара соработка”, додаде Гваидо.
Вчера беше објавено дека членови на владата на Венецуела и на опозицијата одржуваат тајни разговори на непозната локација во главниот град на Норвешка, Осло.
Владината делегација била предводена од министерот за информации, Хорхе Родригез, додека Гваидо бил застапуван од пратеникот Сталин Гонзалес. Присутни биле и двајца политички советници на Гваидо заедно со државниот гувернер сојузник на Мадуро.
Норвешка претходно јавно ја понуди својата помош за посредување во конфликтот и изрази поддршка за парламентот контролиран од опозицијата во Венецуела, но, за разлика од многу други европски земји, не го призна Гваидо како привремен претседател.
Наводната средба се одржува две недели откако Гваидо не успеа да собере војниците за да го собори Мадуро. Неговиот повик воени лица да пребегнат и да се свртат против владата предизвика спорадични судири во главниот град на државата, Каракас. Еден ден подоцна Мадуро прогласи победа против обидот за државен удар и рече дека вооружените сили останале лојални на неговата влада.
Гваидо, кој беше прогласен за привремен претседател во јануари, веднаш беше поддржан од САД и нивните сојузници во Европа, како и поголемиот дел од јужноамериканските држави. Земјите како Кина, Русија, Иран, Мексико и Турција продолжуваат да го признаваат Николас Мадуро како легитимен лидер на Венецуела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

