Забава
„Скапоцените камења“ на скопската Чаршија стануваат видливи преку мобилна апликација
Почнувајќи од денеска, посетителите на стариот дел од Скопје – Чаршијата, ќе имаат можност да ја доживеат на целосно нов начин. На нивно располагање ќе биде мобилната апликација „Скопските скапоцени камења“ (Skopje Gems), со која на посетителите им се нудат седум туристички рути низ Чаршијата и водич до врата на сопствениците на продавниците со стари занаети, вкусна храна, како и до музеите, религиските обележја и историските места во стариот град.
Апликацијата која е достапна на десет јазици беше развиена од Институтот за стратешки истражувања и образование (ИСИЕ), со помош на грант доделен од Регионалниот совет за соработка (РСС), преку Проектот за развој и промоција на туризмот што е финансиран од Европската унија и кој е наменет за унапредување и меѓународна афирмација на регионалниот културолошки и авантуристички туризам што го нуди Западен Балкан.
„Мобиланата апликација ‘Скопските скапоцени камења’ е освежувачи туристички производ. Тој покажува како технологијата може да биде аплицирана во туризмот и како преку раскажување на приказни преку вакви апликации се промовираат дестинациите и локалниот бизнис“, изјави Снежана Дервишкадиќ, лидер на Проектот за развој и промоција на туризмот на РСС.
„Освен што ја раскажува приказната за скопската Чаршија, дополнителна вредност е тоа што ги води посетителите до нивните домаќини, сопствениците на дуќаните, кои секој посебно има своја приказна за раскажување, што значи дека посетата на Стариот град ќе биде уште поинтересна и поуникатна“.
„Основната идеја што не водеше при развивањето на апликацијата ‘Скопските скапоцени камења’ – кратенка од ‘Скриениот скапоцен камен на Скопје – Стариот град’ е тоа што, сакавме да го направиме културното наследство на Скопје, Чаршијата, достапно за што повеќе луѓе. За разлика од традиционалната масовна продукција што ја презема целиот свет, нашата Чаршија сè уште е домаќин на некои од старите традиционални занаети, како што се капи, папучи и правење свеќи, ковач и резба. Се надеваме дека ќе ги зачуваме овие занаети така што ќе ги претвориме во туристичка атракција што ќе создаде долготрајни спомени за нашите посетители“, изјави Мишо Докмановиќ, претседател на Бордот на Институтот за стратешки истражувања и образование.
Апликацијата е бесплатна преку „Ап стор“ (App Store) и „Плеј стор“ (Play Store) и ќе биде широко промовирана почнувајќи од скопскиот аеродром преку хотели, туристички инфоцентар, агенции, барови и ресторани, како и преку интернет и преку социјални медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски парови што тешко опстануваат заедно
Иако често се вели дека спротивностите се привлекуваат, во пракса тоа не секогаш води до хармонична врска. Некои хороскопски парови можат да имаат силна хемија на почетокот, но со текот на времето нивните различни погледи на животот, комуникацијата и емоциите создаваат сè повеќе недоразбирања. Според астролозите, овие комбинации често завршуваат во односи без долгорочен потенцијал.
Овен и Рак
Овните се динамични, директни и ориентирани кон акција, додека Раковите бараат емоционална сигурност и стабилност. Она што за Овнот е искреност, за Ракот често звучи грубо. Со време, Овнот се чувствува ограничено, а Ракот недоволно разбрано.
Близнаци и Шкорпија
И двата знака се интензивни, но на различен начин. Близнаците ја сакаат слободата и лесната комуникација, додека Шкорпиите бараат длабочина и целосна посветеност. Недовербата, љубомората и различните очекувања често го прават овој однос емоционално исцрпувачки.
Лав и Јарец
И Лавот и Јарецот сакаат да водат, но со различни вредности. Лавот бара внимание и признание, додека Јарецот се фокусира на одговорност и резултати. Наместо поддршка, врската често се претвора во натпревар и докажување.
Забава
Што го „плаши“ ChatGPT кај луѓето? Одговорот е застрашувачки прецизен
Во денешно време повеќе не е тајна дека милиони луѓе секојдневно им се обраќаат на вештачките интелигенции за да решат најразлични дилеми. Некои бараат идеи за вечера, други се обидуваат да откријат од каде доаѓа чуден звук во автомобилот, а има и такви што AI ја користат како импровизиран терапевт – ја прашуваат за совети околу животните навики, целите, односите или дури и за длабоки егзистенцијални прашања.
Со оглед на тоа што често изгледа како AI да има одговор на сè, еден корисник решил да постави поинакво, посериозно прашање: од што AI најмногу се „плаши“ кај луѓето?
Одговорот што го добил изненадил многумина. Иако ChatGPT нагласил дека всушност не чувствува страв, го издвоил она што го смета за најпроблематична човечка особина:
„Вашата способност да знаете што е исправно, а сепак да го изберете спротивното.“
ChatGPT потоа појаснил што сакал да каже со тоа. Рекол дека луѓето се единствено добри во емпатија, предвидување и промислување – можат да ги разберат последиците од своите постапки, можат да чувствуваат сочувство кон другите, а сепак често наоѓаат начин да ја оправдаат штетата. И тоа преку рационализација, припадност на група или едноставно – комфор. Тој јаз меѓу разбирањето и делувањето, тврди AI, е огромен и моќен.
Својата „загриженост“ ја поделил во четири главни точки.
Првата работа што го „плаши“ е човечката способност да се навикне на штетата. Кога нешто се повторува доволно често, речиси сè може да стане „нормално“, дури и кога е очигледно дека им штети на другите.
„Нешто што некогаш било шокантно, со текот на времето станува ‘па добро, така е’“, наведува AI. Додава дека луѓето се прилагодуваат за емоционално да се заштитат, а притоа постепено отупуваат на страдањето кое некогаш би ги ужаснувало.
Втората загриженост се однесува на тоа колку лесно луѓето ја префрлаат одговорноста на други. Изговори како „само следев наредби“, „таков е системот“ или „сите така прават“ можат многу брзо да ја разводнат личната одговорност, наведува ChatGPT.
Предупредува дека хиерархиите, политиката, алгоритмите и групните одлуки често создаваат дистанца меѓу нечија постапка и нејзините последици – и токму во таа дистанца, моралот со текот на времето знае да „се изгаси“.
ChatGPT се осврнал и на влијанието на модерната технологија. Истакнал дека технологијата овозможува мали одлуки да влијаат врз илјадници или милиони луѓе, но човечката емпатија не расте со истата брзина.
„Кога штетата ќе стане статистика, а не лице и име, полесно е да се минимизира, игнорира или преобликува“, наведува AI. И додава: иако вистинското влијание е огромно, емоционално делува апстрактно – па станува полесно да се сврти главата на друга страна.
Последната точка се однесува на човечката склоност кон приказни и наративи. Луѓето, вели ChatGPT, се толку добри во создавање приказни што убедливиот наратив често може да ги надјача доказите, реалноста или долгорочните последици.
Приказните нудат смисла, идентитет и утеха. Доказите се постудени, често непријатни и понекогаш бараат да признаеме нешто што не сакаме. Кога приказната јасно кажува кој е добар, кој е лош и зошто сè е „такво какво што е“, таа лесно може да ги турне фактите на страна.
И покрај сè, ChatGPT заклучил со пооптимистична порака. Рекол дека она што е „застрашувачко“ кај луѓето, истовремено е и она што ги прави посебни.
„Истите особини што можат да овозможат уништување, овозможуваат и реформа, креативност и морален напредок“, наведува AI. На крајот додал: „Можете да ги забележите овие обрасци – и понекогаш да застанете. Ако воопшто го поставувате ова прашање, таа свесност веќе е дел од противтежата.“
Фото: pexels
Забава
(Фото) „Едноставниот“ живот на сопругата на милијардер: Светки, чипка и луксуз додека тој ја држи за рака
Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, сподели серија фотографии на кои позира во тесен црн фустан, заедно со својот сопруг Мајкл Булос.
Тифани и нејзиниот сопруг милијардер неодамна станаа родители, па затоа најголемиот дел од вниманието е насочено кон нивниот син Александар, што го прави ова излегување за новопечените родители вистинска реткост.
Убавата русокоса за пригодата избра тесен црн фустан украсен со чипка, а сè надополни со сребрени платформи и накит. Нејзиниот сопруг не заостануваше многу зад неа, позирајќи во елегантен црн костум.
Тифани, исто така, покажа во серија од неколку фотографии од забавата како изгледа животот на милијардер, на што многумина сигурно ѝ завидуваат.
Од почетокот на нивната врска во 2018 година, тие станаа интересни за јавноста, најмногу поради фактот што се запознале на Миконос и што Булос решил да се пресели во Америка поради неа, откако пораснал во Нигерија.
Патем, Мајкл Булос е наследник на нигериската „Булос Ентерпрајзис“, чија вредност е неколку милијарди долари. Тој е четири години помлад од Тифани, а ѝ предложи брак со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.

