Контакт

Забава

Прв детски натпревар по ментална аритметика во Скопје

Објавено пред

Во скопското средно училиште „Никола Карев“, на 2 јуни, двесте деца на возраст од 4 до 14 години ќе се натпреваруваат во ментална аритметика и ќе покажат кои се придобивките од оваа програма.
Научно е докажано дека мозокот на детето се развива од 4. до 14. година од животот. Во тој период мозочните хемисфери се најактивни, а децата полесно ги впиваат информациите и затоа е неопходно токму тогаш да се посветат на едукација.

dobivaj vesti na viber

Хитари-програмата за ментална аритметика е јапонска метода, која преставува колепка на оваа древна престижна дисциплина. Настанала како резултат на долгогодишна работа на психолози, педагози и други експерти од областа на образованието, а во Скопје во моментот постојат четири училишта за ментална аритметика, информираат организаторите.

Натпреварот на 2 јуни ќе се одржи во период од 10 до 15 часот, а влезот за сите што сакаат да навиваат и да видат што научиле овие мали генијалци е бесплатен. Најдобропласираните ученици потоа ќе заминат и на интернационално натпреварување во Белград, каде што ќе учествуваат повеќе европски држави.

Техниката на ментална аритметика се заоснова на употреба на древната направа абакус, со чија визуализација се постигнува извонредно брзо сметање. Франшизата „Малац генијалац“ од септември своите врати ќе ги отвори и за другите градови во Македонија, со цел што поголема едукација на децата, како и подобрување на фокусот, концентрацијата и памтењето кај децата.

Забава

Иконата на 90-тите го прослави 55-тиот роденден во костим за капење: Времето застанало…

Објавено пред

Клаудија Шифер го поминува летниот одмор во Грција, од каде што ги почасти своите следбеници и обожаватели со серија фотографии со порака за роденден.

dobivaj vesti na viber

Германскиот супермодел и едно од најпознатите лица на модните писти на сите времиња, Клаудија Шифер, го прослави својот 55-ти роденден и по тој повод објави неколку фотографии на кои ја покажува својата завидна фигура и препознатливо лице во средината на педесеттите години.

Познатата русокоса позираше покрај базенот во бел, елегантен и романтичен едноделен костум од Chloé, со цена од 690 евра.

Костимот за капење има длабоко деколте и набори на горниот и долниот дел што му даваат доза на романтика, а Клаудија го комбинираше со кафеави очила за сонце и скап златен накит од истата марка.

Нејзиното лице без шминка и препознатливата насмевка, кои красеа бројни престижни насловни страници и модни писти, сè уште се нејзин заштитен знак.

„Денес полнам 55 години, толку сум среќна што го славам мојот роденден радосна и здрава! 🎉“, напиша Клаудија Шифер покрај објавата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

И таа има 12 години? Новите фотографии од ќерката на Ким Кардашјан предизвикаа бес на социјалните мрежи

Објавено пред

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзината 12-годишна ќерка Норт Вест неодамна беа фотографирани во Рим пред хотел. Според странските медиуми, мајката и ќерката се упатиле кон луксузен ресторан на вечера.

dobivaj vesti na viber

И целата ситуација не би била вредна за забележување доколку дамите не одбрале ризични комбинации.

За таа пригода, Ким избра тесна сатенска облека која ги истакнуваше нејзините бујни гради. Својот изглед го надополни со шминка во земјени тонови и брановидна коса.

И тогаш вистинското изненадување беше таа – Норт Вест – ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест.

Таа носеше комбинација што предизвика јавно негодување. Се одлучи за црн корсет и мини-здолниште, а нејзината долга, распуштена коса и големата количина шминка беа забележливи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Нејзиниот начин на облекување е, како што тврдат многу корисници на интернет, несоодветен за 12-годишно девојче. А ова се само дел од коментарите на Инстаграм: „Норт изгледа многу постара од Ким“, „Родителството не е за секого“, „И таа има 12 години“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) На прв поглед досадно, но на втор – толку секси

Објавено пред

Актерката Дакота Џонсон веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста. Често може да се види на големи настани, а на црвениот тепих секогаш, но секогаш, ги воодушевува сите присутни.

dobivaj vesti na viber

Таа неодамна присуствуваше на премиерата на филмот Splitsville, каде што привлече внимание со својата облека.

Позната по својот софистициран, но смел стил, таа се појави во елегантен зелен мини фустан, кој на прв поглед изгледаше досадно.

Сепак, тишината настапи во текот на вечерта кога таа се сврте и покажа еден детаљ што модните критичари не го забележаа.

Стануваше збор за отворен грб, а овој драматичен детаљ на фустанот ја истакнуваше нејзината вита фигура. Креацијата направена од светкав материјал беше совршен избор за вечерно излегување.

Својот изглед го комплетира со минимална шминка во земјени тонови и дискретни обетки.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија2 часа

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет3 часа

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија3 часа

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет4 часа

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет4 часа

Зеленски: Од украинска страна, сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет4 часа

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија14 часа

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет17 часа

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет17 часа

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија18 часа

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија18 часа

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија19 часа

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија23 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија23 часа

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија23 часа

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија1 ден

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ1 ден

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија1 ден

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија1 ден

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...