Македонија
(Видео) Попов му остави прашок за перење на Богоевски: Имаш цел килограм, ама не е за преку нос

Павле Богоевски сѐ уште е пратеник и не сака да се повлече ниту од морални ниту од здравствени причини, а ние не сакаме избраник на граѓаните да носи одлуки со поматена свест, рече денеска во изјава пред Собранието, Сергеј Попов, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, како што истакна Попов, не сакаат ниту Богоевски да се вознемирува кога нема да му биде средено убаво она што го нарачува.
„Вчера ти оставивме бело брашно, ама нема благодарност од твоја страна. Извини ако сме ти го згрешиле ‘белото’. Еве денес, пак, бел прашок. Пак имаш цел килограм. Можеш да переш алишта, ама нема гаранција дека и совеста ќе си ја испереш. Само сакаме да ти напоменеме, во упатството за употреба јасно стои дека не е за преку нос“, рече претставникот на опозициската партија.
Попов со иронија зборуваше и за фактот што пратеникот не прифатил наркотест.
„И немој, Павле, да се тестираш за наркотици. Нека зборува народот што сака. Не си ти по кокаинот. Ти си по белиот прашок. Затоа твоите алишта ќе имаат планинска свежина“, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.