Економија
РЕК „Битола“: Блокот 3 исклучен поради грешка во автоматскиот систем за управување

РЕК „Битола“ ја информира јавноста дека изутрината дојде до краткотрајно исклучување на Блокот 3 од системот. Причината за исклучувањето e грешка во автоматскиот систем за управување.
„Блокот 3 повторно беше приклучен во мрежа во 12 часот и во моментот работи работи непречено.
Производството на АД ЕСМ се одвиваше преку Блокот 1 и преку другите производни капацитети“, информираат од компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите 5 месеци, оценува Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи и како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, изјави:
„Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците. Добро е и за државата, бидејќи e помал дефицит што се однесува до увозот на храна.
Нашиот фокус како Влада е да ги помагаме земјоделците, тие да произведуваат за да може и да извезуваат, но и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани. Така ќе продолжиме и во иднина, со тоа што планираме тој систем на субвенционирање да биде насочен кон вистинските земјоделци. Кон оние коишто вистински произведуваат, а не кон оние малкумина коишто се обидуваат на грбот на земјоделците да профитираат. Така функциониравме и до сега, така ќе продолжиме да функционираме и понатаму.“
Економија
Во јуни годишен раст од 12,9 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот.
Економија
Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,559%, кај дизелот за 0,837%, кај екстра лесното масло за 0,048% и кај мазутот намалувањето е за 1,882%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,650%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.