Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ удира по џебот на граѓаните, цените на горивата уриваат рекорди

Граѓаните сè повеќе осиромашуваат, а криминалниот картел околу Заев ги зголемува давачките, се богати и се расфрла со народни пари. Половина милион Македонци живеат под прагот на сиромаштија, а Заев и компанијата ја покачија висината на акцизата и сега цените на горивата уриваат рекорди, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, СДСМ континуирано удира по џебот на граѓаните со покачување на нафтата. Оваа Влада не исполни ништо од ветувањата дека ќе ги укине давачките, туку, напротив, воведе акциза од дополнителни три денари на грбот на граѓаните и на бизнис-секторот.
„Со новото покачување на нафтата, која достигна цена до 66 денари, СДСМ ќе ги доведе граѓаните до питачки стап. Пред Заев да дојде на власт цената на нафтата изнесуваше 46 денари, а сега изнесува 66 денари, што е 43 отсто повеќе. Со просечна плата од 1 јуни 2017 пред Зоран Заев да ја преземе власта граѓаните можеле да купат 474 литри нафта, а во моментот со просечна плата може да купат 367 литри или 107 литри помалку.
Ова јасно зборува дека Зоран Заев, наместо живот, донесе беда и сиромаштија. СДСМ и покрај сите критики и сугестии од јавноста и стручната фела, сепак одлучи да ја зголеми акцизата на нафтата, што е на товар на грбот на граѓаните, како и на стопанството. Ефектот на спирала што го има покачувањето на нафтата дополнително ќе ги осиромаши граѓаните. СДСМ мора да си замине затоа што не исполни ништо од она што го ветуваше. Напротив, дополнително ги зголеми давачките и даноците“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: Масовно да излеземе во недела и да гласаме за Центар што го сакаме

„Во изминатите четири години направивме многу за Центар, за животот на сите генерации. Имаме уште многу работа, програма и план, стручни луѓе и знаење, желба и енергија. Заедно победуваме. Со нас, твојот глас вреди и значи најмногу. Ве повикувам масовно да излеземе и да гласаме за Центар што го сакаме“, вели кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите од СДСМ Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцира дека новата програма за работа за втор мандат е јасна, прецизна, остварлива и која Центар ќе го направи вистинско и посакувано место, најдобро за сите.
„Мојата визија опфаќа силен фокус на образованието, културата, спортот и социјалната заштита, како и континуирана грижа за младите, семејствата, пензионерите и лицата во социјален ризик. Солидарноста, еднаквоста и инклузивноста се темелот врз кој Центар функционира како вистински сервис на граѓаните и создава услови за достоинствен и сигурен живот. Продолжуваме да работиме во оваа насока за уште позелен, похуман и поразвиен Центар“, порачува Герасимовски.
Соопштенија
Марковски: Магацините на „Славија“ може да прераснат во простории за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

Магацините на „Славија“ во општина Кисела Вода можат да прераснат во уреден јавен и мултифункционален простор за алтернативната културна сцена, креативна индустрија и други функции наменети за младите и сите граѓани истакна Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.
„Да ги сочуваме и искористиме овие простори, како градителско наследство кое може да добие поинаква функција, а не да прераснат во колосални станбени објекти кои дополнително го загушуваат овој град“, истакна Марковски.
Тој кажа дека факт е дека на Скопје му недостасуваат простори за социјализација и дружба на младите, како и места за организирање на различни настани.
На денешната прес конференција се обрати и Јана Белчева Андреевска, носителка на листата за советници во град Скопје на „Независни заедно“:
„Наместо само да се руши и одново да се гради, добро е да ги следиме и принципите на циркуларната економија и примерите на европските метрополи, да реставриваме објекти од ваков тип, да им дадеме живот и да добијат нова вредност во новото време кое го живееме“, истакна Белчева Андреевска.
Соопштенија
ЗНАМ ја промовира програмата за млади

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Куманово ја презентираше програмата, поточно делот посветен на младата популација во општината и приоритетите што ќе ги реализираат во наредниот мандат.
„Студентите и младите се иднината на Куманово. Тие носат нова енергија, идеи и визија за подобро утре. Општината е нивен пријател, сојузник и партнер на патот кон знаењето и успехот. Тоа ќе го прави со поддршка во образованието, со можности за практично искуство, за културен и спортски развој, како и охрабрување на нивното претприемништво и иновации.
Со вложување во младите, вложуваме во поразвиена локална економија, модерно и европско Куманово, каде што младите ќе имаат причина да бидат овде и да градат своја иднина“, изјави Тамара Тренчевска кандидат за советник на Општина Куманово од редовите на Движењето ЗНАМ.
Таа ги наброја плановите:
Подобрување на условите и проширување на капацитетите во сите постојни општински образовни објекти.
· Гасификација и енергетска ефикасност во училиштата за подобри услови и пониски трошоци.
· Спортски игралишта и уредени дворови во секое училиште, со можност за „училници на отворено“.
· Технолошки и интеркултурен центар во целосно реконструиран „Дом на пионери – 29 Ноември“, како простор за културна размена и развој на вештини, со отворена мултимедијална сала за филмови, презентации, јавни настани, семинари, дебати, обуки, како и посебен дел наменет за центар за целодневен престој за деца.
· Младински центар во објектот на НУЦК „Трајко Прокопиев“.
· Обуки и усовршувања за наставниците и стручните служби.
· Нови спортско-рекреативни комплекси, паркови, велосипедски и трим-патеки, street-workout зони за здрав животен стил.
· Изградба на адреналински парк во состав на нов парк во с. Проевце.
· Претприемаштво за младите преку стартап-инкубатори и специјализирани обуки.
· Програма за финансиска поддршка на проекти и активности на студентите.
· Бесплатен интернет-пристап на повеќе јавни локации.
· Младински НВО-саем за вмрежување и промоција на младинските организации.
· Поддршка за талентирани ученици преку стипендии, промоција на иновации и поттик за млади уметници.
· Стипендии и награди за спортистите како поттик за нови достигнувања.
· Стипендии за првенците на генерација.
· Субвенционирање за набавка на велосипеди и електрични тротинети.
· Open Space / chill зона и скејт-парк: простор за дружење и неформални активности.
· Поддршка за развој на street art активности на млади уметници
· Организирање наградни натпревари меѓу општинските училишта со цел поттикнување на натпреварувачкиот и на тимскиот дух, дружење и мотивација за најдобрите тимови.
· Културна програма збогатена со фестивали, натпревари, секции и промоција на филмски и креативни проекти на млади ентузијасти.
· Повеќе креативни работилници: уметнички, музички и културни проекти.
· Поддршка на концерти и соло настапи на талентирани млади ученици на градските плоштади.
Движењето ЗНАМ, нагласи Тренчевска, има зацртано мноштво проекти, со кои ќе докажеме дека сакаме да бидеме и да останеме вистински партнер на младите и студентите.
„Ние не сакаме младите да заминуваат – сакаме да останат, да создаваат, и да сонуваат дека може да го променат светот токму овде. Затоа и ја градиме општината како отворено место за Вашите визии. Ние сме Општина која верува во младите – затоа што тие се нашата најголема сила! “, потенцираше Тренчевска.