Македонија
Бесплатни очни прегледи на деца и младинци со посебни потреби
Асоцијацијата за правата на деца и младинци со посебни потреби „Ластовица“, Лајонс клуб „Вардар“ и Специјалната очна болница „Деница“, денеска, организираа бесплатни очни прегледи на дечиња со посебни потреби од школска возраст.
Оваа акција се организира по повод две години од постоењето на Специјалната очна болница „Деница“.
„’Деница’ по повод овој ден спроведува ваков тип добротворни активности како дел од нашите принципиелни залагања за перманентно јакнење на општествената одговорност кон заедницата“, изјави д-р Виолета Бучковска, медицински директор на болницата. Според неа, на овој начин ‘Деница’ ја реализира својата стратешка определба да даде свој придонес во насока на натамошно зголемување на здравствената нега на најголемиот дел од граѓаните на нашата држава.
Роберта Митревска, претседателка на асоцијацијата „Ластовица“, вели дека долго време размислувале за ваква иницијатива, која е неопходна за оваа популација деца.
„Од изјавите на дечињата на она што го гледаат честопати не знаеме дали е од тоа што не го разбираат или од она што не може да го видат. Затоа, оваа иницијатива е од големо значење за нив бидејќи можноста да се испита видот кај овие деца е многу тешка, но е важна и неопходна за целиот нивен развој. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, со што ќе опфатиме уште поголем број деца“, објасни Митревска.
Во активностите на асоцијацијата „Ластовица“ во текот на една година со постојан или повремен престој учествуваат 100-ина дечиња со посебни потреби, при што најмалата возраст е 18 месеци. Во оваа смисла асоцијацијата се занимава и со индивидуален и групен третман и социјална грижа на дечиња што престојуваат секојдневно од 8 до 16 часот.
Специјалната очна болница „Деница“ постои од мај 2017 година успевајќи да изгради мрежа од 10.000 пациенти, на кои успешно им реализира повеќе од 20.000 дијагностички или хируршки интервенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

