Македонија
МЗШВ: Отказот на Трипуновски е законски
Целата процедура за поведување дисциплинска постапка за државниот советник Цветaн Трипуновски е водена транспарентно во согласност со законските прописи. Апсурдно е тврдењето на Трипуновски дека се работи за политичка хајка. Решението за престанок на работниот однос не е поврзано со неговата партиска определба, туку со прекршување на законските одредби, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Имено, од страна на државниот секретар на МЗШВ донесен е предлог за поведување дисциплинска постапка и формирана е комисија за водење дисциплинска постапка, а на самата седница на комисијата присуствуваше и државниот советник Трипуновски заедно со адвокат. Комисијата утврди дека државниот советник Цветан Трипуновски е одговорен за сторен дисциплински престап по член 73, став 1, точка 22 од Законот за административните службеници, кој предвидува однесување спротивно на одредбите на Кодексот на административните службеници“, велат од Министерството.
Од таму велат дека државниот советник Цветан Трипуновски со своето однесување на работната позиција го прекршил Кодексот за административните службеници и на одржаните прес-конференции пренесувал информации и податоци што произлегуваат од делокругот на работата на МЗШВ и тоа во форма шпекулации, инсинуации и измислици во политички контекст.
„Изнесените податоци и информации имаат негативно влијание врз широката општествена јавност, целните ресорни групи, домашни и странски институции. Со своето неодговорно и штетно постапување Трипуновски директно ја нарушува довербата на граѓаните во институциите и во системот. На одлуката за престанок на работниот однос Трипуновски го искористи законското право за жалба до Комисијата за жалби. По одбивањео на жалбата, Трипуновски уредно ја прими одлуката на 20.5.2019 година и тој во согласност со законските прописи е одјавен од Агенцијата за вработување“, велат од МЗШВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

