Македонија
Македонските медиуми во борба против „Гугл“ и „Фејсбук“
Најстариот македонски медиум „Нова Македонија“ е новиот член на најголемата македонска платформа за онлајн-огласување mAd (Macedonian Ad Plаtform). Преку оваа платформа огласувачите, како и маркетинг и ПР-агенциите имаат можност со една кампања да допрат до читателите на највлијателните македонски онлајн-медиуми. Да потсетиме дека пулот брои деветнаесет медиуми и е водечка информативна групација во земјата.
Овие медиуми покриваат различна публика по возраст, пол и интерес и заедно имаат покриеност од дури 94 отсто од сите интернет-корисници во земјата. Она што е најважно е дека сите медиуми работат транспарентно и продуцираат сопствени новинарски содржини.

Покрај Нова Македонија, А1 Он, Макфакс, Вечер, Капитал, Скопско ехо, 24 Инфо, Култура и Весник, тука се и агрегаторите GRID и Вести, забавните портали Reporter, MExpress, Mајка ти и татко ти, технолошките интрнет-страници USB и Додај гас, спорсткиот topsport…
Создавањето една ваква групација на медиуми беше директно поттикнато од големиот одлив на буџети од македонските огласувачи кон „Фејсбук“ и „Гугл“.
Компаниите што своите огласи и рекламни пораки ги пласираат преку платформата mAd имаат неколкупати поголем ефект во споредба со другите медиуми, пребарувачи и социјални мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

