Црна хроника
Седуммина повредени во сообраќајна несреќа на патот Тетово – Попова Шапка
Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Тетово – Попова Шапка, во село Гајре.
Според информациите на полицијата, во несреќата учествувале „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А. Џ. (25), автомобил „бмв“, управувано од А. Р. (64), и „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р. Р. (38), сите од село Шипковица, Тетовско.
Во незгодата тешки телесни повреди добиле двајца сопатници во возилото „форд транзит“ на возраст од 17 и 16 години, а другите пет сопатници во истото возило добиле телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во болницата во Тетово, каде што им била укажана лекарска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

