Забава
Путин бара богатство во вредност од милиони евра од музејот во Загреб
Руски дипломати во Загреб се подготвуваат за првата официјална посета на рускиот претседател Владимир Путин во Хрватска, која, како што неодамна најави рускиот амбасадор Анвар Азимов во интервју за „Тас“, би можела да се организира в година.
Според хрватските медиуми, Путин, Колинда Грабар-Китаровиќ и Пленковиќ на средбите би разговарале за голем број важни теми: гасификација, „Агрокор“, руските инвестиции во хрватски компании, хотели, трговија и слично. Но, според медиумите, на маса веќе се нашло и прашањето за слика на рускиот уметник Николас Роерих (роден под името Николај Константинович Роерих). Поточно, станува збор за враќање десет негови вредни слики, кои повеќе од 85 години се изложени на Модерната галерија во Загреб.
Амбасадорот Азимов го иницира прашањето за предавање на овие слики на Русија, земја од која Роерих заминал во далечната 1917 година и во која никогаш потоа не се вратил.
Иако сликите се добро згрижени во Модерната галерија, вели Азимов, Русија ги бара бидејќи смета дека кај нив ќе има поголем интерес за нив. Пред да се вратат делата на овој уметник, потребно е да се утврди прашањето на сопственоста поради што руската амбасада почнала разговори со хрватското Министерство за култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Четири хороскопски знаци ќе имаат голема парична добивка до крајот на месецот
Влеговме во сезоната на Стрелец, а Плутон е во Водолија, така што положбата на планетите ќе одговара на одредени знаци од Зодијакот и тие ќе можат да заработат многу пари.
Во неделата што претстои се движи и ретроградниот Меркур, па затоа треба да внимаваме на проценките, особено кога се во прашање парите.
РАК
Треба да ја искористите добрата позиција на планетите до крајот на месецот, за да преговарате за поголема заработка. Лавот може да биде одличен деловен партнер.
ШКОРПИЈА
Сезоната на Стрелец ви носи планина пари. Имате можност да остварите голем профит. Може да биде и зголемување на платата.
ВАГА
Марс во Лав и вам ви одговара, па ќе влезе во нов партнерски бизнис кој може да ви донесе солидна заработка. Плутон во Водолија може да донесе богатство во следните неколку години.
ДЕВИЦА
Ќе бидете наградени за напорната работа на работното место. Имате можност вашето хоби да го претворите во сериозна работа.
Забава
„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн, наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.
Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со татко им.
Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени оти можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.
„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за „Дејли мејл“.
Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на своите внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.
„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.
Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со своите внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина, Unbroken. Во тоа време родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние многу се гордееме со Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај“.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија „Добро утро, Америко“. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниедно од моите деца не сака да биде пред камера во моментот. Тие се прилично повлечени. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе може да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.