Македонија
Ерол Муслиу нов директор на Агенцијата за разузнавање

Претседателот Стево Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање, информираат од кабинетот на шефот на државата.
Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последните години во Агенцијата за разузнавање.
Претседателот Пендаровски во наредните денови ќе назначи и свои членови во националниот Совет за безбедност.
Советот за безбедност го сочинуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, министрите што раководат со органите на државната управа од областа на безбедноста, одбраната и надворешните работи, како и тројца членови назначени од шефот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пандов прави шоу и ги омаловажува колегите, реагира Независниот синдикат на полицијата

Независниот синдикат на полицијата реагира на прес-конференцијата на директорот на управата за извршување на санкции Александар Пандов во врска со настаните од КПД Штип.
„Во споменатата прес конференција директорот на ја објавува реалната состојба туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите. Сметаме дека секој настан треба да биде истражен професионално и со должно внимание и да се избегнува јавна осуда пред да биде завршена постапката, а до нас доаѓаат информации од колегите дека изнесените ставови на Директорот во целост не соодветствуваат со истрагата и евидентираните преземени мерки во дневниот извештај“, велат од синдикатот.
Бараат од директорот и сите останати функционери кој периодов ја коментираат работата на полицијата во иднина кога објавуваат или коментираат работа на полициските службеници тоа да го прават со внимание по завршувањето на постапките во целост.
Македонија
Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, и на директорот на штипскиот затвор во врска со случувањата во штипскиот затвор.
Вработените во реакцијта, што ја објави штипската телевизија „М нет“, велат дека директорот во своето излагање кажал многу невистини, кои не кореспондираат со реалноста и со преземените службени дејства на овластените службени лица.
„Како вработени во установата во целост ја негираме ваквата лошо составена приказна, која се пласира на ироничен начин и со цинизам во јавноста, одговорно тврдиме дека вистината е сосема поинаква и постапувањето во однос на пронаоѓањето сомнителни предмети фрлени од страна на лицата што дојдоа до затворот во овој настан преку безбедносниот ѕид беше во правец на тоа да го пронајдеме она што е фрлено и доколку има што и да било недозволено, да го одземеме и да пријавиме во СВР – Штип.
Во текот на ноќните часови потрагата заврши без успех, но во текот на утринските часови, со самото разденување, повторно е направен обид да се пронајдат предметите, при што успешно е пронајдена најлонска кеса, во која е пронајдена и сомнителната прашеста и тревна материја. По нејзиното пронаоѓање, преземени се сите оперативно-протоколарни дејства, известен е директорот на установата, пријавен е настанот во полиција, инспектори од СВР – Штип и крим-полицијата пристигнаа во затворот и пронајденото е предадено за понатамошно постапување. Евидентни се целосното постапување и преземените конкретни чекори во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен.
Во ниеден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувал со осуденото лице во негова полза, како што беше споменато на прес-конференцијата од страна на директорите.
Исто така, сакаме да напоменеме дека токму за осуденото лице Ж. Ж. директорот на установата на неколку наврати дозволува посети надвор од работното време со телефонски повици кон одговорниот на смена, тоа е заведено во рапортните книги на установата, директорот на установата има дозволувано и вонредни пакети за ова осудено лице, но ништо од тоа не беше кажано на споменатата прес-конференција!“, напишаа вработените во КПУ „Затвор Штип’ до редакцијата на „М нет“.
Претходно, Пандов на прес-конференцијата тврдеше дека некој фрлил дрога преку оградата, а откога полицијата во мракот не ја нашла дрогата, затворските полицајци и затворениците следниот ден се правдале дека барале изгубен часовник. Целиот настан го регистрирале безбедносните камери во затворот. Пандов тврдеше дека кога директорот ги прашал затворската полиција и командирот што барале и зошто барале, зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка било дека затвореникот Ж. Ж. си играл со кучката Цеца, а имал скап часовник. Кучката му го зела часовникот додека трчала низ тревникот и му го изгубила, па вработените, за да му излезат во пресрет, го барале часовникот“, рече тогаш Пандов.
Македонија
Перински во Велес: Продолжува владината поддршка за урбани и функционални општини

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Велес, каде што се сретна со градоначалникот Марко Колев и членовите на општинскиот Совет. На средбата разговараа за тековните и идните проекти во општината, со акцент на инфраструктурниот развој, за текот на проектот од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, како и за сите мерки кои Општината ќе ги реализира самостојно, но и со поддршка од централната власт. На Општина Велес на првиот владин повик одобрен и беше еден проект, партерно уредување на плоштад и изградба на подземна гаража во централното градско подрачје, а на вториот владин повик, кој трае до 30.април, Општината поднесе 16 апликации.
На средбата беше заклучено дека владината инвестиција за уредување на плоштад и изградба на подземна гаража директно ќе придонесе за трансформација на урбаниот изглед на Велес, ќе овозможи нов јавен простор за жителите и ќе создаде поголеми можности за културни и социјални активности. Подземната гаража ќе го реши долгогодишниот проблем со паркирањето во центарот на градот и ќе обезбеди поефикасен и побезбеден сообраќаен систем, што е од особена важност за урбаната мобилност и секојдневното функционирање на граѓаните.
Перински порача дека Владата не отстапува од континуираната поддршката на општините, со јасна и единствена цел, создавање услови за поголем развој на секоја општина. Впрочем, како што беше заклучено на средбата, силна држава се гради врз темелите на развиени локални заедници.
Денешната работна посета на Општина Велес е дел од теренските посети на Перински на општините со цел директно запознавање и идентификување на сите предизвици во единиците на локална самоуправа и планирање насоки на движење за нивно надминување.