Свет
Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје
Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје.
Министерството се огласи откако во вторникот американскиот Стејт департмент наведе дека има знаци дека сириската влада можеби користи хемиско оружје, вклучувајќи го и наводниот напад со хлор во неделата во северозападна Сирија.
,,Ги примивме со вознемирување овие обвинувања, коишто треба да се разгледаат”, соопшти француското Министерство за надворешни работи на онлајн прес-брифинг.Тие порачаа дека имаат целосна доверба во Организацијата за забрана на хемиско оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес го погоди Азербејџан
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Свет
(Видео) Маж по пет дена е спасен од урнатините на зграда во Јужна Африка
Маж е спасен од урнатините пет дена по уривањето на зграда во Јужна Африка, а премиерот на Западен Кејп, Алан Винд, го опиша настанот како чудо.
Во понеделникот се урна петкатна зграда во градот Џорџ, источно од Кејптаун.
Во официјалното соопштение се наведува дека таму во моментот имало 81 лице и дека досега е потврдена смртта на 13 лица, а 39 се’ уште се водат за исчезнати. Во објава на „Икс“ денес, Винд напиша дека преживеан маж е успешно извлечен од урнатините по 116 часа.
За да се обидат да стигнат до сите жртви кои останале заробени во урнатините, спасувачите користеле кранови, дупчалки и свои раце за да се обидат да ги спасат.
Спасувачките операции продолжуваат.
Свет
Туск: Полска нема да штеди средства за зајакнување на границата со Белорусија
Полскиот премиер Доналд Туск на границата со Белорусија изјави дека е започнато зајакнувањето и утврдувањето на полската граница, за што неговата земја нема да штеди пари и дека самата Унија ќе мора да инвестира во безбедноста на таа источна граница со Европска унија.
„Нема сомнеж за се поагресивните намери на Белорусија кон Полска. Преземаме чекори за зајакнување на границата поради зголемениот притисок од режимот на Александар Лукашенко и зголемените закани од војната поради руската агресија во Украина. Започнавме интензивна работа на утврдување на целата граница на Полска на исток“, изјави Туск во пограничниот град Каракула, пренесува „Н1“.
Претходно оваа недела, полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш рече дека земјата треба да има план за изградба на систем на ровови и бункери на источната граница.
Полскиот премиер по разговорот со командантите на граничната стража, армијата и полицијата на границата со Белорусија, рече дека Европа ќе мора да инвестира во својата надворешна граница во Полска бидејќи тоа е и инвестиција во европската безбедност.
„Нема ограничување на средствата кога станува збор за безбедноста на Полска. Како што рековме дека нема да штедиме на оружје и армиска опрема, сакам да кажам и дека нема да заштедиме на безбедноста на границите, не само кога станува збор за инфраструктурата, туку и за опремата за секој војник“, рече Туск.
Полскиот премиер предупреди дека се засилува притисокот на илегалната миграција од Белорусија, која како дел од хибридната војна против Полска ја организира режимот на соседна Белорусија.
„Се зголемуваат обидите за илегално преминување на границата, како што очекувавме“, рече Туск.
Тој го изрази и своето разбирање за хуманитарните организации „кои им помагаат на бегалците да ја надминат оградата на границата со Белорусија“ и да влезат во Полска затоа што, како што рече, оваа злоупотреба на несреќата на луѓето и организирањето илегална миграција од Белорусија предизвикува големи емоции.
Туск, сепак, вети дека неговата влада ќе подготви измени на законот со цел граничарите, војниците и полицајците да имаат чувство на правна сигурност во нивните гранични активности.