Македонија
Костадинов: Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се обвинети во судски предмети, ќе поднесат оставки?
„Сега, кога оставката од колегата Павле Богоевски е извесна, останува отворено уште само едно прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои се обвинети во судски предмети, ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?“, прашува портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Владејачката партија смета дека прашањето веќе не е дали Павле Богоевски има легитимитет да ја води Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, туку дали колегите пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат да го бранат криминалот на Никола Груевски.
„Дали колегите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои со недели зборуваа за чесност и морал, ќе покажат одговорност пред граѓаните и ќе му го одземат мандатот на Никола Груевски и дали оние што се обвинети за сериозни кривични дела ќе поднесат оставки од своите функции. Денеска, на дело видовме што значи висока морална одговорност пред граѓаните. Ги охрабруваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат ‘за’ одземање на мандатот на Никола Груевски, а оние против кои се водат судски предмети да се повлечат од своите функции“, изјави Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

