Контакт

Култура

„Една” на Вук Митевски на престижниот Интернационален филмски фестивал Краков

Објавено пред

„Една”, најновата краткометражна анимација на Вук Митевски, својата премиера ќе ја има на престижниот 59. Интернационален  филмски фестивал Краков. (www.krakowfilmfestival.pl). „Една” ќе биде прикажана во главната конкуренција за кратки и анимирани филмови и ќе се бори за наградата „Сребрен змеј“ за најдобар анимиран филм, со уште 9 анимации од целиот свет. „Една” во Краков ќе се прикажува на 28 и 30 мај.

dobivaj vesti na viber

Интернационалниот филмски фестивал Краков се вбројува во најдобрите десет фестивали во светот посветени на анимираните филмови и е вброен меѓу ретките фестивали кои водат до директна номинација за наградата Оскари во категоријата на кратка анимација.

„Една” е 11-минутна анимација која беше инспирирана од бегалската криза, каде што Македонија како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Во суштина „Една” е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин. Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и на авторот му беа потребни речиси три години за да ја изработи оваа магична анимација.

„Една” е копродукција помеѓу Македонија и Белгија и е поддржана од Агенцијата за филм на Македонија. Продукцијата целосно се одвиваше во Македонија, а постпродукцијата во Германија, каде што беше работен звукот, во Франција се изработуваше музиката и во Белгија лабараторијата и миксот. Сценариото е на Теона Стругар-Митевска, музиката е изработена од Оливие Самујо, звук Емил Клотзц, монтажа на Благоја Неделковски и Ванчo Мираковски.

Култура

Првата долгометражна анимација во историјата на Македонија со светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

Објавено пред

„Јон Вардар против галаксијата” – првиот долгометражен анимиран филм во историјата на Македонија, влезе во соѕвездието на најдобрите фантастични филмски остварувања на светот.

dobivaj vesti na viber

Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио” ќе ја има својата светска премиера во Шпанија, на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал” – еден од најстарите и најзначајни жанровски фестивали во светот, којшто могумина го нарекуваат „Кан за фантастични филмови“.

„Јон Вардар против Галаксијата” отвора ново поглавје во историјата на македонската кинематографија, а е селектиран во фамилијарната секција на фестивалот. Ќе има две прикажувања во ударни термини во петок и сабота, на 5 и 11 октомври.

„Бидејќи жанрот не познава возраст, фестивалот во Ситџес повторно ќе ги прикаже моментално најфасцинантните фамилијарни проекти од светот. Меѓу селектираните филмови годинава го откривме ‘Јон Вардар против Галаксијата’ на Гоце Цветановски, првиот анимиран филм во историјата на Северна Македонија“, објавија организаторите на фестивалот.

Режисерот Цветановски изјави дека да се биде избран меѓу најдобрите фантастични филмови наменети за семејната публика на глобално ниво е голема чест.

„Огромен успех е што светската премиера на Јон Вардар ќе се одржи на престижен фестивал од овој калибар, и очекувам да продолжи со уште многу други успешни прикажувања низ целиот свет. Филмот е селектиран на уште еден голем филмски фестивал што ќе се одржи годинава, а деталите ќе бидат споделени наскоро“, објави режисерот Гоце Цветановски.

„Јон Вардар против галаксијата” ќе ве однесе меѓу планетите заедно со еден смотан човек, еден нарцисоиден робот и многу, многу, мнооооогу вонземјани кои ќе бидат на мисија да ја спасат Галаксијата од самите себеси!

Арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Скорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска.

Анимираниот филм е изработен со поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.

Цветановски е дел и од тимот кој го почна проектот „Сказните на Биби“, режирајќи повеќе епизоди.

Тој е режисер и на крими-трилерот „Бизнисот на задоволството” којшто во моментов се прикажува низ кино-салите во Македонија и наидува на одличен прием од страна на публиката и на критиката. Досега со своите филмови, Цветановски ја претставувал Македонија на стотина фестивали низ светот, а „Бизнисот на задоволството” се закити со десет меѓународни награди.

Прикажи повеќе...

Култура

„100 илјади поети за промена“ 14. пат во Струмица

Објавено пред

Во сабота, 28 септември 2024 година, глобалното движење „100 Thousand Poets For Change“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира 14 издание на поетската манифестација „100 илјади поети за промена“ со почеток во 19:00 часот во НУ Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј – Струмица.

dobivaj vesti na viber

Манифестацијата ќе започне со отворање на изложбата на дигитални цртежи „Сенката на звукот“ на проф. Владимир Мартиновски, а потоа со промовирањето на годинешниот зборник „100 Илјади поети за промена“ ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети.

На конкурсот годинава конкурираа повеќе од 200 учесници.

Манифестацијата е поддржана од градоначалникот Костадин Костадинов и Општина Струмица.

Прикажи повеќе...

Култура

„Сенката на звукот“ – изложба на дигитални цртежи на Владимир Мартиновски

Објавено пред

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ како дел од годинештното 14 издание на 100 Илјади поети за промена, оваа сабота, 28 септември 2024 година во 19:00 часот во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј на град Струмица ќе ја отворат изложбата на дигитални цртежи насловена „Сенката на звукот“ на проф. Владимир Мартиновски.

dobivaj vesti na viber

„Сенката на звукот“ е негова трета изложба на дигитални цртежи од овој циклус, а се состои од 12 цртежи (дигитален принт) кои тематски ја поврзуваат музиката, поезијата и ликовниот израз на Мартиновски. Под влијание на музичките фестивали кои редовно ги посетува, тој најде инспирација неговите емоции, чувства и размисли визуелно да ги изрази преку создавањето на овој циклус дела. Оваа изложба е своевидна презентација во која се вкрстуваат две негови пасии: музиката и сликарството.

Дигиталните цртежи визуелно го слават чинот на музицирање, во обидот на ликовен начин да се доловат различни мелодиски и ритмички структури. Освен со дигитални цртежи тој се има претставено со уште две изложби, на фотографија и цртеж, во моментот има тековна изложба во Шибеник, Србија, а во тек е подготовката на неговата нова изложба на акрилни дела.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Ураганот во САД однесе 44 животи, речиси 5 милиони граѓани без струја

Бројот на жртвите од ураганот Хелена, кој ги погоди САД, се зголеми на 44, а 4,6 милиони луѓе се без...

Свет2 часа

(Фото+видео) Израел изврши огромни напади врз Бејрут – има загинати и повредени

Најмалку шест лица се убиени во најновите воздушни напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство, кое соопшти...

Македонија18 часа

Сомнеж за труење со храна во основното училиште„Ѓорѓија Пулевски“во скопски Аеродром: затворена е кујната

Наредено е затворање на кујната, по добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште...

Македонија20 часа

Орбан има предлог за изнаоѓање решение со Бугарија, му го кажал на Мицкоски

Следен чекор е Северна Македонија да се спогоди со Бугарија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан при посетата во Охрид за...

Македонија21 час

Oрбан: Историска грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ сè уште не се почнати

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во дводневна посета на земјата, оцени дека е историска грешка што Брисел сè уште...

Македонија23 часа

Водата во Гостивар неисправна за пиење, најдена е ешерихија коли

Од ЕЛС – Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментно не е безбедна за пиење....

Македонија23 часа

„Македонија го доживеа најголемиот пораз со ЕУ“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во...

Македонија24 часа

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател Румен Радев ја дефинира одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот Хелен ја опустоши Флорида: поплавени куќи, урнати дрвја, милиони без струја

Ураганот Хелен, кој ослабе од категорија 4 на категорија 1 откога ја опустоши Флорида, ќе продолжи да предизвикува бранови опасни...

Македонија1 ден

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение...

Свет1 ден

Макрон: Би било грешка Нетанјаху да одбие прекин на огнот во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би било „грешка“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одбие примирјето предложено за...

Свет1 ден

Трамп: Денеска ќе се сретнам со Зеленски

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неколкудневните гласини дека средбата е малку веројатна. Републиканскиот...

Свет1 ден

(Видео) Ловец на бури објави снимка од центарот на ураганот Хелен

Ник Андервуд, ловец на бури, кој со години лета низ бури, денеска објави видео од центарот на ураганот Хелен. „Ве...

Македонија2 дена

Членството во ЕУ го чекаме од 2005 година, охрабрувани со рефренот: „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, рече Сиљановска Давкова во ОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се...

Македонија2 дена

(Видео) Орбан пристигна во Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. „Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу...

Топ2 дена

Во училиште во Илинден пронајдена почината вработена

Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била...

Македонија2 дена

Во пресрет на грејната сезона: инспектори од еден град ќе вршат надзор на еколошките дозволи на компаниите во други градови

Државниот инспекторат за животна средина ќе тргне во акциска контрола на издадените еколошки дозволи, пред сè, на производните капацитети на...

Македонија2 дена

Меџити: Нема потреба за загриженост, законот за бранителите нема да помине, во СДСМ преку ноќ станаа националисти

Владата има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите внатре во владината коалиција, рече денес министерот за животна средина...

Македонија2 дена

Бугарските политичари: Албанија оди напред, а Северна Македонија нека се справува со тоа што самата си го создаде

Лидерот на најголемата формација во парламентот во Бугарија, Бојко Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надвоешна политика, го...

Македонија2 дена

Кривична пријава за поранешен градоначалник оти правел улица што не била дел од годишната програма

Полицијата до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Б.Ш. поради злоупотреба на службена положба и овластување,...