Македонија
Ременски за разрешувањата во СДСМ: Одлуките се донесени без грам суета
Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту, пак, ќе заврши без нив. Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира. Ваков е коментарот на потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, која синоќа на седница на Централниот одбор беше разрешена од партиската функција.
„Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите! Донесените одлуки се донесени без грам суета, туку одлучно, како што доликува на луѓе со интегритет и визија за очекувањата! Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: ‘Одговорност мора да има’ и ‘Никогаш да не се повтори!’. Му благодарам на претседателот и заменик-претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и Радмила Шеќеринска за довербата. Борбата продолжува!“, напиша Ременски.
ЦО на СДСМ на вечерашната седница ги разреши генералниот секретар, Александар Кирацовски, сите шест потпреседатели на СДСМ – Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски, потоа координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, како и целиот Извршен одбор. Првиот човек на владејачката партија, Зоран Заев изјави дека разрешувањата се сериозно прифаќање на пораките од граѓаните, а најави и промена и на повеќе од тројца министри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Кучевишка Бара се гради нов спортско-рекреативен центар на 2000 метри квадратни
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на новиот спортско-рекреативен центар во населбата Кучевишка Бара.
Комплексот ќе се простира на површина од 2000 метри квадратни и ќе вклучува фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец, нови клупи, парк и зелени површини.
Од Општина Бутел порачаа дека општината се менува, а маалскиот дух се негува, со цел да се создадат можности за редовно практикување спорт и рекреација за сите граѓани.
Македонија
Партијата Левица со Иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)

