Забава
Се вљуби во бездомник и му го смени животот

Двојка од Велика Британија се заљуби и покрај необичните околности во кои се запознаа.
Кејти Никол (38) се запознала со нејзиниот партнер Џон Хејнс додека бил бездомник. Кејти вели дека хемијата меѓу нив се случила и покрај тоа што Џон спиел на улица.
Таа секој ден седела со него на местото каде што обично бил, недалеку од штанд за сладолед. Тие наскоро почнале да разменуваат љубовни пораки, пишува „Метро“.
Хејнс ѝ пишувал песни, и таа го поканила на вечера. Во рок од три месеци, тие официјално беа во врска. Џон (31) веќе не е бездомник, а во меѓувреме најде и работа. Двојката е заедно осум месеци.
A year ago I took this photo of Jon, a local homeless man. Twelve months later he's turned his life around. I took the photo on the right this week in #Grimsby for @TheSundayMirror , read it online at https://t.co/RlNojgBSJu @OnnMel @NUJ_LFB @TheBPPA pic.twitter.com/nObUnVjElo
— Chris Frear (@ChrisFrearPhoto) May 26, 2019
Џон станал бездомник откако поминал повеќе од две и пол години во затвор. Тој бил осуден за напад врз човек што го фатил во кревет со неговата поранешна девојка, рече Кејти.
Џон кога просел имал картонска кутија на која пишувало: „Нејзиниот адвокат беше подобар од мојот.” Но, тоа не ја спречило Кејти да го повика да се истушира, да се потстриже и да вечера два месеца откако го запознала.
Тие наскоро се заљубиле, а Кејти му помогнала да се ослободи од зависноста од дрога.
Џон вели дека секогаш ќе ѝ биде благодарен на Кејти за сè што направила за него. „Сонував за тоа кога спиев на плажа, дека нема да бидам тука засекогаш”, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Дуа Липа најдобро знае како да привлече внимание, овојпат во провокативен фустан со реси

Пејачката Дуа Липа привлекува внимание на секој чекор, главно со своите модни изданија, иако нејзините објави на социјалните мрежи на кои се гледа како вежба и се подготвува за настапи се исто така често тема.
Овој пат, Дуа беше повеќе од ексцентрична, но ова не е невообичаено за неа.
Ако мислевте дека е невозможно да имате фустан со реси, се излажавте, бидејќи пејачката има еден токму таков.
Дуа беше фотографирана во Њујорк додека одеше на приватна вечера, а нејзиниот стајлинг воодушеви и изненади. Пејачката се одлучи за провокативен фустан со реси, додека под него имаше боди во боја на кожа.
Погледот на деколтето е секогаш главна тема, сакале или не, а сега сите коментираа колку Дуа ги истакна своите гради.
Својот моден изглед го комплетираше со црни салонки и впечатлива огрлица, а многумина забележаа дека овој пат не беше придружувана од нејзиниот избраник, Калум Тарнер, туку од телохранител.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Стајлинг за десетка: дури ни Гвинет не можеше да им одолее на најпосакуваните панталони оваа есен

Познатата холивудска ѕвезда Гвинет Палтроу присуствуваше на Неделата на модата во Њујорк, каде што беа претставени бројни нови креации и парчиња облека што ќе доминираат на модната сцена следната сезона, за есен/зима 2025 година.
Познатата актерка не можеше да одолее на еден тренд, и веќе го одбра своето омилено парче – најпосакуваните панталони за оваа есен што освојуваат на прв поглед.
Гвинет беше меѓу почесните гости на традиционалниот голем моден настан, и иако ја освои публиката со својот комплетен стил, највпечатливи беа нејзините сиви панталони со широки ногавици, и лежерни и елегантни.
На прв поглед, тие изгледаат како здолниште, поради ширината на ногавиците што лежерно паѓаат додека одите, а интересно е што се долги до средината на листот, па можете едноставно да ги носите со која било обувка што ја сакате; чизми, патики, чевли… и да ги комбинирате и во потоплите и во постудените денови.
Гвинет се одлучи за поелегантна опција, носејќи црни чевли со зашилен врв – исто така моден хит оваа сезона, но и црни очила за вид, бела кошула и мек, удобен џемпер со широки ракави во посветла нијанса на сива боја. Ова парче е исто така едно од клучните парчиња во гардеробата оваа есен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Заводливо и елегантно: Кејт Бланшет го носи најсовршениот комбинезон

Актерката Кејт Бланшет неодамна присуствуваше на 77-мото доделување на наградите „Еми“ во Лос Анџелес и ги привлече погледите на црвениот тепих со својата облека. За посебната вечер, таа одбра да носи црн кадифен комбинезон од „Армани“.
Станува збор за облека со широки ногавици и интересен горен дел што го нагласува градите. Комбинезонот има и отворен грб, што му дава на целиот изглед допир на сексапил.
За да го комплетира изгледот, Кејт се одлучи за едноставна шминка во земјени тонови што ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето и брановидна коса.
Со тоа, таа уште еднаш ја оправда својата титула модна икона која никогаш, ама баш никогаш не греши при изборот на облека и модни додатоци за специјални настани.
фото: принтскрин