Црна хроника
Двајца Црногорци и Перуанец фатени со облека потопена со течен кокаин
Oбвинителството до судот поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор против двајца државјани на Црна Гора и еден државјанин на Перу, кои во ноември минатата година, заради продажба, купиле, држеле и пренесувале кокаин.
„Црногорците од непознато лице од Перу неовластено, заради продажба, купиле наркотична дрога кокаин. Продавачот го ангажирал третообвинетиот да ја пренесе наркотичната дрога кокаин од Перу до нашата држава, а потоа преку косовска територија до Босна и Херцеговина. Заради непречено пренесување, дрогата била хемиски третирана, при што кокаинот од прашеста форма преминал во течна агрегатна состојба и со него биле потопени повеќе парчиња гардероба. Продавачот од Перу ја спакувал гардеробата во куфер и му го предал на обвинетиот, кој со лет од Сао Пауло преку Франкфурт и Виена на 30.11.2018 година, околу 1 часот по полноќ, пристигнал на ‘Меѓународниот аеродром Скопје’. Во меѓувреме, обвинетите црногорски државјани, преминувајќи ја државната граница на ГП Блаце, со патничко моторно возило ‘голф 1,9 ТДИ’, со црногорски таблички, се упатиле кон ‘Меѓународниот аеродром Скопје’. Тројцата обвинети ноќта се сретнале во хотел во Скопје.
По претходен договор, наредното утро обвинетите се упатиле кон ГП Блаце, црногорските државјани со автомобилот, а Перуанецот со такси-возило. Од страна на граничната полиција на МВР на Р. Косово на обвинетиот државјанин на Перу не му бил дозволен влез во Р. Косово бидејќи не поседувал виза и тој со истото такси-возило се вратил на ГП Блаце, од каде што телефонски ги известил другите двајца обвинети дека не му е дозволен влез во Р. Косово и дека се враќа во РС Македонија.
Истиот ден Перуанецот повторно се пријавил како гостин во хотелот и во попладневните часови од страна на полициски службеници од МВР е лоциран и лишен од слобода. Во неговиот куфер се пронајдени: десет блузи, три дуксери, еден џемпер, осум маици, едни куси панталони, три чифта долни тренирки, една кожена јакна, два чифта фармерки, две крпи, два чифта волнени sиври, четири чифа долна облека, еден чаршав, четири чифта чорапи, шест парчиња текстил со неправилна форма, еден чифт влечки, еден чифт чевли и еден чифт патики, кои биле потопени во течен кокаин. Црногорците со цел да остварат средба со третообвинетиот на 30.11.2018 година во попладневните часови на ГП Блаце влегле во РС Македонија по што од страна на полициските службеници се лишени од слобода.
Од досегашните преземени дејства, во соработка со Националниот центар за криминалистичка форензика при МВР на Р. Србија, при физичко-хемискиот процес на вештачење добиена е наркотична дрога кокаин во нето-количина од 976,69 грама. Вкупната нето-количина ќе биде прецизирана кога ќе биде завршено физичко-хемиското вештачење“, велат од Обвинителството.
Имајќи ги предвид специфичноста, видот и висината на предвидената казна, како и дека во конкретниот случај се работи за недозволена трговија со кокаин, што е поскап вид дрога, како и фактот дека сторителите се странски државјани за кои материјалната страна на обезбедување услови како за бегство, криење, така и за разни начини на попречување на истрагата не претставува проблем, како и евентуалната поврзаност на сторителите во меѓународна група специјализирана за недозволена трговија со дрога, надлежниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор за обвинетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

