Контакт

Македонија

„Фронт 21/42“: Наместо да креира илузија, Владата да почне да се грижи за Охрид

Објавено пред

Наместо да креира илузија, Владата навистина да се посвети и почне да се грижи за единственото природно и културно наследство во земјава, порача Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“.

dobivaj vesti na viber

Од таму ја поздравија одлуката на УНЕСКО да го стави Охрид на листата на светски наследства во опасност затоа што, како што велат, за жал сметаме дека тоа е единствениот начин да се зачуваат оние универзални вредности кои сè уште постојат во нашето најголемо природно и културно богатство и можеби да се унапреди состојбата на оние кои се веќе уништени.

„Веќе две години упорно ѝ укажуваме на актуелната власт дека инвестирањето на време и други ресурси во обиди да се прикаже грижа, наместо навистина да преземат мерки и активности за заштита на единственото богатство од светски калибар во земјава е многу погрешна стратегија. Ќе посочиме само неколку од многуте примери на оваа стратегија: надзорната расправа во Собранието која заврши со заклучоци кои навидум најавија драстична промена на претходната политика и решеност за справување со илегалните активности и деструкцијата – заклучоци кои не се реализираа, ниту, пак, некоја институција покажа намера да ја следи и обезбеди нивната реализација. Прикажување на работата на Комисија за управување со Охридскиот Регион како спроведување на препораката за мораториум во извештајот на нашата земја до УНЕСКО е уште еден очигледен пример – во извештајот се наведува дека Комисијата одобрила само 8 од 33 барања кои пристигнале до неа во обид да се почитува препораката за мораториум и спроведе ‘контролирана урбанизација’. Она што е изоставено во извештајот се одлуките за легализација на над 500 илегални градби, владините планови за Коридорот 8, новата марина, новата урбанизација на крајбрежјето, новиот кеј, планот за нова индустриска зона, итн“, велат од Фронт 21/42.

Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, додаваат од таму, е последниот пример кој ја покажува оваа стратегија и пример со кој имавме директно искуство – по упорните притисоци на Фронт 21/42, вклучувајќи ja и нашата национална кампања „Едно е! Вредно е!“ Владата одлучи да го измени и дополни Законот (од 2010 година), наводно со намера истиот да стане функционален и навистина да го заштити светското наследство.

„Во процесот кој траеше повеќе месеци учествувавме директно и предадено, над 80% од текстот на новиот предлог-закон беше продукт на нашата работа – за во последен момент, зад затворени врати, односно без нашиот претставник во работната група, да се усвои текст во кој недостасуваат клучните одредби. По обелоденување на оваа информација во медиумите, Владата експресно (за помалку од една недела) ги врати одредбите во Законот, и така го усвои на седница. Сето ова по објавување на нацрт-одлуката на Комитетот за светско наследство. Според нас ова претставува уште еден обид да се прикаже грижа во очите на УНЕСКО и да се прикрие реалната состојба на терен – континуирана урбанизација и легализација на дивоградби“, велат од еколошкото здружение.

Според нив, вистинската грижа ќе почне кога ќе се донесе мораториум кој целосно ќе се почитува и ќе влезе во одлучна и храбра борба против дивоградбите.

„Ова се само мал дел од загрижувачките постапки на актуелната власт за кои во февруари оваа година во писмена форма му се обративме и на премиерот г. Зоран Заев и директно ги искомунициравме на средба со него, вклучувајќи ја и нашата длабока загриженост од неговата изјава за бесправно изградениот хотел во Лагадин: ‘Дури и да има правно-формален аспект во одделението за урбанизам, одговорот на општинските служби не смее да биде не може или не бива, туку треба да најдат начин одговорот да биде да’. Според нас, од итните препораки на УНЕСКО кои требаше да ги реализира нашата земја до февруари 2018 година, единствено Управниот одбор на НП Галичица спроведе вистинска реализација со прекинување на постапката за измени на Планот за управување со што се спречи понатамошната процедура за ски-центарот“, велат од Фронт 21/42.

Од таму бараат од актуелната власт наместо, како што велат, да вложува драгоцено време и пари во креирање илузија за УНЕСКО, домашната и меѓународната јавност дека политиката за Охрид, Струга и Дебарца е драстично променета и сега има грижа и посветеност – навистина да се посвети и почне да се грижи за единственото природно и културно наследство во земјава и едно од само 7-те мешовити наследства на европскиот континент.

Здружението бара и локалната и националната власт во најбрз можен рок да прогласи мораториум за сите урбани и крајбрежни трансформации во Охридскиот Регион (општина Охрид, Струга и Дебарца) и да осигура доследно спроведување и почитување на мораториумот и итно да ги прекине постапките за легализација на бесправните објекти и да пристапи кон изготвување инвентар на дивоградбите.

„Потсетуваме дека ниту оваа, ниту која било власт нема право на сите нас и на сите идни генерации да им го одземе најголемото национално богатство. Во оваа смисла навремено укажуваме да се ангажираат сите човечки ресурси за искористување на можностите за сите дополнителни средства кои вообичаено се на располагање за подрачјата кои се на листата на светски наследства во опасност и истите да бидат целосно употребени за заштита и унапредување на исклучителните универзални вредности поради кои Охридскиот Регион го заслужил статусот на светско наследство“, порачаа од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пожар во струмичко, поради силниот ветер огнот брзо се раширил

Објавено пред

Од

Пожар избувна денеска во 12.30 часот во атарот помеѓу селата Вељуса и Ангелци во Струмица, кој поради силниот ветер се ширел брзо.

dobivaj vesti na viber

Од Територијалната противпожарна единица Струмица соопштија дека била зафатена поголема површина од сува трева и трски.

„ТППЕ Струмица интервенираше со две ПП возила и шест пожарникари-спасители. Пожарот е целосно изгаснат околу 15.00 часот со што е спречено негово ширење и предизвикување поголема материјална штета“, велат од таму.

Во случај на пожар или друга природна непогода граѓаните може да се јават на 112 или 193.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милошоски на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

Објавено пред

Од

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на 26 и 27 февруари ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, која ќе се одржи во Будимпешта, во организација на Националното собрание на Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за традиционален меѓупарламентарен форум што се организира од 2004/2005 година и претставува значајна платформа за политички дијалог и парламентарна соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа. Фокусот на конференцијата е насочен кон регионалната соработка, европската интеграција и заедничкото справување со актуелните политички, економски и безбедносни предизвици во регионот.

Во рамки на официјалната агенда, на 27 февруари ќе се одржи 12-тата Конференција на претседатели на парламенти, на која ќе учествуваат спикерите и шефовите на делегации од земјите на Југоисточна Европа, како и од земјите на Вишеградската група. Централна тема на првата сесија ќе биде „Состојбата на проширувањето во регионот на Југоисточна Европа“, додека втората сесија ќе биде посветена на „Економските инвестиции и енергетските поврзувања – предизвици и можности во регионот“.

На конференцијата се предвидени обраќања на високи претставници на земјата домаќин, како и на претставници на Европската унија и меѓународни организации, по што ќе следат дискусии и излагања на учесниците. Во завршниот дел е планирано усвојување на заедничка парламентарна декларација, како и билатерални средби меѓу делегациите.

„Собранието на Република Северна Македонија редовно учествува на оваа конференција, која претставува важен дел од напорите за унапредување на парламентарната дипломатија и зајакнување на европската перспектива на регионот“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Предложени мерки за унапредување на правото на здравје на лицата со попреченост

Објавено пред

Од

Во Собранието се одржа настан на тема „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“, во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Зета – организација за попреченост и правда, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, Порака – Неготино и Еко – Живот – Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Настанот имаше за цел отворање институционален дијалог за унапредување на пристапот до здравствени услуги, подобрување на системските решенија и зајакнување на соработката помеѓу законодавната и извршната власт и граѓанскиот сектор, при што беа презентирани и наодите од анализата за предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост, како и можните решенија поврзани со нивниот медицински третман, со цел обезбедување еднаков и достоинствен пристап до здравствена заштита.

Претседателот на ИППГ за правата на лицата со попреченост, Никола Мицевски, истакна дека правото на здравје е фундаментално човеково право, нераскинливо поврзано со правото на живот и заштитата на човековото достоинство. Уставот гарантира здравствена заштита за секој граѓанин, што претставува обврска институциите континуирано да го унапредуваат системот и да обезбедат еднаков, квалитетен и навремен пристап до здравствени услуги за лицата со попреченост. Собранието останува отворено за предлозите и искуствата на граѓаните со цел носење одржливи и инклузивни решенија.

Во активна дискусија присутните имаа можност да ги искажат предизвиците со кои се соочуваат при остварувањето на правото на здравје, како и предизвиците со кои се соочуваат институциите и другите чинители во оваа област. Беше нагласена потребата од континуирани реформи во здравствениот систем, унапредување на законската рамка, обезбедување финансиска одржливост на услугите и воведување механизми за следење на спроведувањето на политиките.

Како предложени мерки за унапредување на правото на здравје на лицата со попреченост се:

· Ортопедските помагала кои се обезбедуваат на товар на Фондот за здравствено осигурување, да бидат целосно усогласени со индивидуалните потреби на лицата со попреченост, да овозможуваат избор и да бидат со подобар и проверен квалитет, во согласност со современите медицински и технолошки стандарди;

· Адаптација на здравствените установи на сите нивоа на здравствена заштита со цел обезбедување целосна физичка, сензорна и комуникациска пристапност за лицата со попреченост, во согласност со принципите на универзален дизајн;

· Воведување задолжителна, континуирана обука за здравствените работници за работа со лица со различни видови на попреченост, со фокус на пристап базиран на човекови права, достоинство, недискриминација и информирана согласност.

· Унапредување на системот „Мој термин“, со воведување механизми за приоритетно закажување за лицата со попреченост, особено за лица со попреченост кои имаат потреба од поголема поддршка, хронични состојби.

„Настанот се одржа во клучен момент – кога се подготвуваат измените на Законот за здравствена заштита и претставува значаен чекор кон градење поинклузивен здравствен систем, заснован на еднаквост, пристапност и почитување на човековите права. На истиот беа донесени заклучоци во насока на унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“, се наведува во соопштението од Собранието.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија3 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија5 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија5 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија6 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија6 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија6 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија6 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија6 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија6 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија7 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа8 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет9 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет9 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет9 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет10 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија24 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија1 ден

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ1 ден

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...