Свет
Моди ќе одржи неформална средба со кинескиот претседател
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/Prime_Minister_of_India_Narendra_Modi_and_President_of_China_Xi_Jinping_before_the_beginning_of_the_2017_BRICS_Leaders_meeting-e1559135302438.jpg)
Индискиот премиер Нарендра Моди ќе биде оствари неформална средба со кинескиот претседател Шји Џинпинг подоцна годинава, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Индија во средата.
„За време на првиот неформален самит во Вухан, кинескиот претседател Шји ја прифати поканата на премиерот Моди да ја посети Индија за следниот неформален самит во 2019 година. Двете страни се во контакт, преку дипломатски канали, за финализирање на датумот и местото на одржување на средбата“, рече портпаролот.
Двајцата лидери се состанаа неколкупати во текот на изминатата година за да ги смират тензиите и да ги зајакнат трговските врски, откако воениот спор на нивната хималајска граница во 2017 година поттикна стравови за можна војна меѓу двете азиски земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Шведскиот министер за одбрана: Украина сепак може да стане членка на НАТО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-13-085158.jpg)
Украина сепак може да стане членка на НАТО во иднина, според шведскиот министер за одбрана.
Пристигнувајќи на самитот на НАТО во Брисел, Пал Џонсон изјави:
„Не предвидувам дека членството во НАТО како такво ќе биде исклучено за Украина. Нашиот став е добро познат и пренесен, а ние стоиме зад она што беше кажано на самитот во Вашингтон, се разбира, дека иднината на Украина е во НАТО кога ќе ги исполни условите“, додаде тој.
Регион
Познат идентитетот на убиените во БиХ: полицијата насилно влегла во станот каде што ги пронашла телата на мајката и детето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
„Кликс“ објави дека убиената е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
„Кликс“ исто така пишува дека осомничен за двојното убиство е Емир Селимовиќ.
Додаваат дека мажот работи како доставувач во супермаркетот во зградата во која живеело семејството.
Не е познато дали е вооружен.
Според неофицијални информации, се сомнева дека Селимовиќ ги убил сопругата и детето со задушување.
„Синоќа, полициски службеници од Управата на полицијата на кантонот Тузла, ПС Калесија, по пријава и одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде пронашле безживотни тела на жена и дете“, изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на полицијата во кантонот Тузла.
Свет
Медведев: Невозможно е да се фрли Русија на колена, тоа е крајно опасно
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/dmitrij-medvedev.jpg)
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев денеска изјави дека е невозможно Русија да се фрли на колена и дека тоа е крајно опасно и дека противниците на Москва мора да го разберат тоа што е можно поскоро.
Тој го напиша ова на својата страница на „ВКонтакте“, каде го коментираше телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека американските елити треба да разберат дека контактите и консултациите меѓу Москва и Вашингтон се повредни од желбата да и се нанесе стратешки пораз на Русија, пренесува РИА Новости.
„Ова, во принцип, е крајно опасно, бидејќи е невозможно да не клекнат на колена. И колку побрзо нашите противници го сфатат тоа, толку подобро“, нагласи заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност.
Претседателите на Руската Федерација и на САД вчера одржаа телефонски разговор кој траеше речиси час и половина. Како што соопшти прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, лидерите разговарале за прашања поврзани со размената на руски и американски граѓани, како и за решавање на ситуацијата во Украина, а претседателите се осврнале и на други теми: блискоисточното решение, иранската нуклеарна програма и билатералните руско-американски односи во економската сфера. Путин и Трамп се договорија да продолжат со личните контакти, вклучително и организирање лична средба.