Македонија
Шведскиот амбасадор: Позитивната препорака на ЕК ќе придонесе во трговските односи помеѓу двете земји
Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Шведска во земјата, Матс Стефансон.
На средбата министерката Апостолска ги претстави мерките од планот за економски раст и потенцирајќи ја транспарентноста на Владата во процесот на поддршка на нови инвестиции, појасни дека со законски поставени и јавно достапни критериуми, кои исклучуваат какви било форми на дискрециски преговарања, пред шведските компании се гарантира сигурност во пристапот до финансиски средства доколку се одлучат за реализација на инвестициски проекти во Република Северна Македонија.
„Покрај активни мерки за поддршка на нови странски инвестиции, силен импут за зајакнување на стабилноста и предвидливоста на бизнис-климата, како и за зголемување на инвестициската атрактивност, правиме и со посветеноста на евроинтегративните процеси“, рече министерката Апостолска.
Амбасадорот Стефансон, осврнувајќи се на силната поддршка што Шведска ѝ ја дава на Северна Македонија на патот кон ЕУ, истакна дека денешната позитивна препорака на Европската комисија за почеток на преговорите ќе даде значаен придонес во унапредувањето на трговските и инвестициските односи помеѓу двете земји.
Тој порача дека одлуката е своевидно зелено светло за појавување поголем интерес за економскиот амбиент во земјата и од страна на шведската бизнис-заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

