Македонија
Димитров и Османи заминуваат во работна посета на Италија и Белгија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Република Италија во рамките на која ќе остварат средба со италијанскиот министер за надворешни работи, Ензо Моаверо Миланеси, а ќе се сретнат и со претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучијано ди Алфонсо.
Централна тема на средбите ќе биде интеграцијата во ЕУ, како и поддршката од страна на Италија на земјата по објавувањето на извештајот за напредок, а во пресрет на одржувањето на Европскиот совет во јуни годинава. Во разговорите се очекува да бидат опфатени и прашањата поврзани со европската перспектива на другите земји од Западен Балкан и регионалната динамика.
Османи и Димитров од Италија продолжуваат во работна билатерална посета на Кралството Белгија, каде што утре ќе остварат средба со заменик-претседателот на владата и министер за надворешни и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Полесно до потврдите за сопственост на моторни возила, воведена е нова електронска услуга

Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека достапни се две нови услуги на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од Министерството, станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица (историјат за возило).
Овие две услуги отсега се достапни во електронска форма и истите можат да се употребуваат во правниот промет. Нивното добивање е достапно и во центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација во Скопје (Центар), Аеродром, Куманово, Тетово, Јегуновце, Битола, Охрид и Штип.
– Дигитализацијата на овие нови услуги на Националниот портал е значаен чекор напред во насока на транспарентност и ефикасност на институциите. Со нивното дигитализирање, граѓаните добиваат ефикасна услуга, јасен увид во постапките, намалувајќи ја можноста за злоупотреби и зајакнувајќи ја довербата во јавната администрација, соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација.
Македонија
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула.
Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.