Контакт

Македонија

Бугарија ја поздрави препораката: Важно е да се применува договорот за добрососедство

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија го поздравува објавувањето на пакетот за проширување на Европската комисија за 2019 година. Оттаму преку соопштение наведуваат дека се утврдени водечките принципи на политиката на проширување – принципот на заслуги и фокусот на владеењето на правото и основните слободи.

dobivaj vesti na viber

„Проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан останува една од приоритетните теми за Бугарија и треба да продолжи да зазема важно место на европската агенда. Добрососедските односи, регионалната соработка и владеењето на правото се критериуми од хоризонтално значење што спаѓаат во рамките на конвенциите. Задоволни сме од задржувањето на динамиката постигната од бугарското претседателство на Советот на ЕУ за проширување вклучувајќи ги и заклучоците усвоени во јуни минатата година, кои исто така се одразуваат и во тековните извештаи на ЕК. Во таа смисла ги поздравуваме препораките за почеток на пристапните преговори и со Република Северна Македонија и со Албанија“, велат од бугарското МНР.

Министерството додава дека со оглед на приоритетот на добрососедските односи, во секоја фаза од процесот ќе биде потребно да се оцени спроведувањето на договорите постигнати во оваа област со сите земји кандидати што ги спроведуваат пристапните преговори. За таа цел, велат од бугарското МНР, особено ќе биде важна примената на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија.

„Бугарија внимателно ќе ги анализира извештаите и препораките на ЕК со оглед на евалуација на нивната веродостојност и објективност. Ќе ги вложиме сите напори за донесување на заклучоците на Советот потврдувајќи го значењето на политиката на проширување на ЕУ како клучен инструмент за мир, стабилност, безбедност, просперитет и трансформација на општествата во земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство преку исполнувањето на потребните критериуми. Очекуваме заклучоци со кои ќе биде подготвено решение за почеток на преговорите за членство со Република Северна Македонија и Албанија“, велат од бугарското Министерство за надворешни работи.

Македонија

Со лаги власта ја сведува катастрофата од Дрисла и Вардариште на „визуелна“ грешка, велат од ДОМ

Објавено пред

Зелената партија ДОМ најостро ја осудува, според нив, неодговорната и срамна изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека загадениот воздух „само изгледа алармантно“. ДОМ предупредува: кога градот е прекриен од чад и два дена смрди на изгорена гума, таквите лаги не се само некомпетентни, туку претставуваат крајно нехумано однесување кон сопствените граѓани. ДОМ бара итен крај на ова, како што го нарекуваат, политичко манипулирање.

dobivaj vesti na viber

„Доколку Мицкоски навистина мисли дека „визуелниот“ чад го заменува ѕвоното на алармот, тогаш нека одржи презентација на 7-метарските гласачки ливчиња (кои патем кажано, тој бомбастично ги „најави“) наместо за мерењата на загаденост. Граѓаните не се без чувство за мирис во однос на отровните честички што ги уништуваат нивните бели дробови – тие знаат кога некој се труди да ги измами со политички предизборни трикови.

Овој колосален неуспех на Владата е за жал суштинска мисија за самоуништување: нема ниту еден официјален совет како да се заштитат ранливите групи, нема ниту една предупредувачка порака, ниту мерки за итна дистрибуција на чиста вода и заштитни маски. Дури ниту Институтот за јавно здравје не добил податоци за загаденоста, што сведочи за парализата на сите надлежни служби“.

Граѓаните, додаваат од ДОМ, веќе го покажаа својот револт, блокади, протести и барање одговорност. ДОМ ја повикува и опозициската СДСМ да престанат да бидат сопартијци во оваа нивна коалиција на неодговорни.

„Имаат пратеничка група во Собранието и преку иницијативи и јавни расправи за овој скандал можат да помогнат да го осудат овој чин на необјективност и неодговорност на Владата“.

ДОМ бара итни конкретни чекори: веднаш гаснење на пожарите на депониите „Вардариште“ и „Дрисла“, секојдневни извештаи од мерните станици, активирање на итни здравствени протоколи за заштита на ранливите категории и старт на стратешки план за модерно управување со отпадот во Скопје. Не смееме да дозволиме во никој случај политичка манипулација над здравјето на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дождот не помогна многу – чадот од Дрисла и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Објавено пред

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека секојдневно се истурале тони вода, но чадењето продолжувало. Вчера властите прибегнаа и кон затрупување на опожарените делови, но депонијата продолжи да гори и утрово.

Ангелов најави дека во 12.00 часот ќе одржи прес конференција на која детално ќе информира за сите активности кои се превземаат на депониите Дрисла и Вардариште.

Жителите на Ново Лисиче, Аеродром, Центар, Драчево и Кисела Вода, синоќа на социјалните мрежи реагираа дека надвор не се дише и мириса на изгорено. Ангелов кажа дека ветрот го сменил правецот и чадот од депонијата се упатил кон Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Зелен хуман град“: Решение за депониите не е јавно-приватно партнерство, туку нула отпад

Објавено пред

Активистите на „Зелен хуман град“ реагираа на изјавата на премиерот за депониите, оценувајќи дека најавите за ново јавно-приватно партнерство за управување со Дрисла се погрешен пристап.

dobivaj vesti na viber

„Премиерот вчера изјави дека неговата партија ќе барала на тендер фирма за јавно-приватно партнерство што ќе управувала со Дрисла. Неговата партија не го создала проблемот со депониите, ама ќе го решела. Веќе го спроведоа ова решение и што ни донесе тоа? Една деценија изгубена и нула од ветените инвестиции. Отпадот заврши во рацете на криминалци кои, според јавно достапните информации, вршеа нерегулиран увоз на контејнери со отпад“, велат од иницијативата.

Тие потсетуваат дека „според Европската комисија меѓу 15 и 30 отсто од отпадот извезен од ЕУ завршува како нелегален транспорт во земји со слаба легислатива како Македонија“.

„Се декларирате ко патриоти, а не постои попатриотски чин од заштита на животот и здравјето на жителите на Македонија. Секоја следна година се давиме во сè повеќе отпад и дишеме сè позагаден воздух од кој умираат илјадници луѓе годишно“, додаваат активистите.

Како решение тие го предлагаат концептот „нула отпад“ кој, според нив, опфаќа: дисперзирани компостари за биоотпад во секое маало („60-80% од отпадот е биоотпад“), постројки за преработка на градежен шут, масовна едукација за примарна селекција (стакло, метал, пластика, хартија, електронски отпад), работилници за поправка и реупотреба на мебел и електроника, извоз на преостанатиот отпад во земји со функционални институции.

„Депонирањето е практика од минатиот век. Современите општества се стремат кон нула отпад. Јавно-приватното партнерство е форма на приватизација на јавното на мала врата. Приватникот нема интерес да ја намали количината отпад, туку обратно – му треба постојан проток за профит“, истакнуваат од „Зелен хуман град“.

Во соопштението се потсетува и на случајот со увоз на токсичен отпад: „Сите го паметиме случајот со отпадното масло забрането во ЕУ, кое во Македонија лажно се претставуваше како мазут и се користеше дури и во државни институции и болници“.

„На Дрисла не ѝ требаат странски пари ниту донации. Нам ни треба нашите пари, со кои за несреќа располагате, да бидат наменети за приоритетите што ние, граѓаните, ги имаме, наместо да завршуваат во џебовите на корумпирани политичари“, порачаа од иницијативата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Дождот не помогна многу – чадот од Дрисла и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје. Директорот...

Македонија1 час

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет2 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија2 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет3 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет5 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија5 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија13 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија16 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија18 часа

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија21 час

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија22 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија22 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет23 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија1 ден

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија1 ден

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа1 ден

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 ден

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет1 ден

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...