Економија
Сѐ повеќе Македонци купуваат преку интернет
Народната банка ја објави Годишната информација за плаќањата во земјава во 2018 година. Во информацијата се анализираат состојбите во платниот промет и платните инструменти во земјава со споредбен осврт на клучните показатели со показателите на ниво на Европската Унија (ЕУ).
Минатата година вредноста на плаќањата извршени од физичките и правните лица (коишто ги исклучуваат платежните трансакции помеѓу Народната банка, банките и штедилниците) забележа годишен раст од 10,2 проценти и изнесуваше 3.813 милијарди денари. Најголемиот дел, или 99 отсто, се остварени со кредитните трансфери, а остатокот од 1 отсто со платежните картички. Вкупниот број остварени трансакции за извршување на плаќањата минатата година изнесува 114 милиони, што е за 11 проценти повеќе во однос на бројот на трансакции во 2017 година.
Најголемиот број од трансакциите се остварени со платежни картички (47 проценти), додека, пак, остатокот се извршени со употреба на кредитни трансфери иницирани на хартија, или електронски со учество од 30 и 23 отсто, соодветно.
Најголемиот број трансакции со кредитни трансфери е извршен од страна на правните лица (71 проценти), додека остатокот се однесува на физичките лица. Електронски иницираните кредитни трансфери учествуваат со 43,8 отсто во вкупниот број кредитни трансфери во 2018 година, при што нивното учество забележува умерен годишен раст во однос на 2017 година за 1,8 п.п. Сепак, нивното учество и натаму е релативно ниско во споредба со земјите од ЕУ (кај старите земји членки на ЕУ ова учество изнесува 92 проценти, а кај земјите членки на групата од Централна, Источна и Југоисточна Европа изнесува 87 отсто).
Платежните картички издадени во земјата, од аспект на бројот на извршени трансакции на уреди лоцирани во земјата во 2018 година, најмногу се употребувале во трговијата за вршење плаќања на физичките места на продажба (учество од 64% во вкупниот број трансакции со платежни картички). Користењето на платежните картички за повлекување готовина од банкоматите е сè уште високо, но нивното учество во вкупните трансакции со платежни картички забележа годишно намалување од 3 п.п. и изнесува 33 проценти во 2018 година. Учеството на трансакциите со платежни картички за вршење плаќања кај интернет-трговијата е на ниско ниво и минатата година изнесува 3 отсто.
Сепак, купувањето преку интернет станува сѐ позастапено, при што процентот на население во земјава кое купува преку интернет се зголемува од 5 проценти во 2012 година на 25 проценти во 2018 година, но и со тоа е речиси два и пол пати под просекот на ЕУ, иако 81 отсто од населението користело интернет, што е релативно близу до просекот на ЕУ (87).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

