Економија
ССК: Две македонски сорти пченици за првпат признати и во ЕУ
Бројни домашни и странски гости, стопанственици, професори, академици, претставници на јавни институции, експерти од ФАО од Рим, експерти за семе од Министерство за земјоделство на Бугарија, претставници од Министерство за земјоделство од Србија, Турција, Албанија, Хрватска, Косово, Романија, присуствуваа на традиционалниот настан „Ден на пченицата“ под покровителство на Агро комората и Сојуз на стопански комори, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Илинден.
Претседателот на Агробизнис-комората, Огнен Оровчанец, истакна дека иновативниот пристап во развојот на сортните пченици признати меѓународно, е она што ги движи напред и одржува сите овие години. Новина е што од 2019 година на европскиот каталог на сорти ќе бидат внесени за првпат две македонски сорти пченици и една сорта тритикале кои се создадени во оваа компанија, што значи дека семето може да се продава во земјите од Европската Унија.
„Заедничка работа на стопанството, науката и институциите е клучот на успехот. Употребата на сертифициран семенски материјал е еден од начините за одржливост на производството на житни култури во услови кога климатските промени изминатите години нанесуваат сериозни штети врз земјоделското производство. Неопходно е зголемување на производството на житни култури и намалување на увозната зависност, а сето тоа ќе има поголем ефект доколку се зголеми употребата на сертифициран семенски материјал, изјави Оровчанец и додаде дека во конкуренција на светски реномирани компании како најдобри сорти пченица, со одлични карактеристики и врвни приноси, признати се неколку домашни сорти пченица во Република Грција, Република Србија и Република Албанија. Станува збор за сортата „Осатка“ која е призната во Р Грција, Р Србија и Р Бугарија, а сортата „Тритикале-Агроунија“ во Р Србија и Р Бугарија.
Во рамките на одбележувањето на „Денот на пченицата 2019“ беше извршена обиколка на опитните полиња и презентација на македонските сорти пченици. На манифестацијата беше поентирано дека е потребно да се зголеми интересот за сеидба. Според официјалните статистички податоци во 2007 година имало 90 800 хектари со пченица, во 2012, 79 745 хектари со пченица, а во 2017, 72 864 хектари пченица. Што се однесува до производството на јачмен во 2007 година регистрарани се 47 712 хектари , во 2012, 41 057 хектари и во 2017 43 816 хектари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

