Контакт

Свет

Огранок на АфД под жестоки критики поради мапата што прикажува „германски калифат“

Објавено пред

Берлинскиот огранок на десничарската антиимигрантска партија Алтернатива за Германија (АфД) се соочи со жестоки реакции и критики откако објави, а потоа и ја избриша фотошопираната мапа на која западниот и јужниот дел на земјата ги нарече „германски калифат”, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Графиката, објавена на фејсбук-страницата на Афд во Берлин-Лихтенберг еден ден по завршувањето на гласањето во Европскиот парламент, го содржеше знамето на Германија над источните држави во земјата, каде што АфДдоби најголема поддршка. Петте федерални држави и Берлин обоени сино и насловени како Федерална Република Германија.

Спротивно на тоа, западот и југот од земјата беа обоени зелено, со црно знаме со ‘шахада“ или исламска декларација за верата. Државите беа означени како „германски калифат”, а текстот под мапата гласел: „Сликите зборуваат погласно од зборовите”.

Иако страницата што ја објави мапата ја отстрани неколку часа по поставувањето, таа сепак успеа да предизвика контроверзии на социјалните мрежи. Поради некоја причина, многумина изразија помал ентузијазам да живеат во сината „федерална република”, претпочитајќи ја зелената ‘исламска држава’.

„Да морам да живеам под етикетата ’Федерална Република Германија’ под АдФ, побрзо би го одбрак ‘ зелениот калифат’. Има сонце и вкусна храна таму! “напиша на „Твитер“ Кристина Фишер.

Други ја искористија шансата да ја навредуваат АфД, обвинувајќи ја дека поттикнува омраза, а  парламентарната левичарска партија СПД ја искористи својата шанса да цитира незадоволен поранешен политичар од АфД кој рече дека партијата ја водат идиоти.

 

Свет

(Видео) Големи протести против Ердоган, десетици илјади луѓе на улиците

Објавено пред

Десетици илјади луѓе се собраа во Истанбул за да протестираат против приведувањето на градоначалникот Екрем Имамоглу, главниот ривал на Реџеп Таип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

Тие ги послушаа повиците на опозицијата и излегоа на улиците во градовите низ земјата, откако Имамоглу беше приведен минатата недела под обвинение за наводна корупција.

Протестите се главно мирни, но досега се приведени речиси две илјади лица, пренесува Ројтерс.

Републиканската народна партија (ЦХП) на Имамоглу, најголемата опозициска политичка групација, заедно со остатокот од опозицијата, групите за човекови права и западните држави, веруваат дека случајот против Имамоглу е од политичка природа, обид да се елиминира изборната закана за Ердоган. Владата го отфрла ова, тврдејќи дека не влијае на судството и дека судовите се независни.

Десетици илјади демонстранти денеска, носејќи со турски знамиња и пароли, пристигнаа на брегот во областа Малтепе, на азиската страна на најголемиот турски град. Митингот „Слобода за Имамоглу“ беше организиран од ЦХП.

„Ако правдата молчи, народот ќе зборува“, стои на една од таблите на демонстрантите.

„Насоката на економијата, судството, законодавството – сè оди надолу. Затоа сме тука. Ги истакнуваме „правата, законите и правдата“ и тука сме да ги бараме“, рече еден од демонстрантите.

ЦХП минатиот викенд одржа прелиминарни избори, каде што го избра Имамоглу за свој кандидат на претстојните претседателски избори. Тие не треба да се одржат до 2028 година, но републиканците сакаат предвреме да излезат на избори, тврдејќи дека владата го изгубила легитимитетот.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека оваа недела се приведени речиси 1,9 илјади луѓе.

Ердоган, владетелот на турската политика повеќе од две децении, ги отфрли протестите како „шоу“, предупреди на правни последици и ја повика ЦХП да престане да ги „провоцира“ Турците. Притворот на Имамоглу, исто така, предизвика турбуленции на пазарот, принудувајќи ја централната банка да реагира со мобилизирање резерви за поддршка на валутата.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Снимен моментот на земјотресот во породилиштето во Мјанмар

Објавено пред

Видео од Мјанмар стана вирално на социјалните мрежи на кое се гледаат медицински сестри во породилиште како се обидуваат да ги заштитат бебињата за време на вчерашниот земјотрес додека целата зграда се тресела и се нишала.

dobivaj vesti na viber

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што вчера го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од илјада луѓе, додека спасувачите очајнички ги пребаруваат урнатините на срушените згради во потрага по преживеани.

Водачот на војската на Мјанмар прогласи вонредна состојба и побара секој кој може да помогне да излезе. ОН веќе се во контакт со властите.

Според податоците, епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, афтершок со јачина од 6,4 ја погоди областа.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп размислува за универзални царини, на советниците им велел: Бидете уште поостри

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од своите советници да заземат построг став за царините додека администрацијата се подготвува за голем пресврт во глобалната трговска војна, објави Вашингтон пост, цитирајќи четири извори запознаени со ова прашање.

dobivaj vesti na viber

И покрај повиците од сојузниците на Волстрит и на Капитол Хил да му пристапат на прашањето поинаку, Трамп инсистира на сеопфатни трговски мерки со кои сака да ја преобликува американската економија, според Вашингтон пост.

Според истиот извор, Трамп постојано им нагласувал на своите советници дека сака да продолжи да ги заострува трговските мерки, а неодамна ја оживеал идејата за универзална тарифа која би важела за повеќето увозни производи, без оглед на земјата на потекло.

Според „Вашингтон пост“, Трамп изразил жалење што не вовел пообемни царини за време на неговиот прв мандат и ги обвинил своите советници кои го убедиле да се откаже од планот. Сепак, не е сосема јасно колку сериозно се разгледува идејата за универзална царина.

Претседателот Трамп е убеден дека царините имаат корист за САД со тоа што ќе ги вратат работните места во производството и ќе ги зголемат владините приходи за милијарди долари, пишува Вашингтон пост. Во петокот, Трамп рече дека е подготвен да склучи договори со земји кои сакаат да ги избегнат американските тарифи, но дека таквите договори ќе бидат можни само откако неговата администрација ќе објави реципрочни мерки на 2 април.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

(Видео) Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред...

Македонија2 часа

Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра...

Македонија3 часа

(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива...

Македонија4 часа

ДУИ го повика Советот на Европа да испрати експерти кои ќе ја проценат истрагата за Кочани

Пратеничката група на Европски фронт, на чело со ДУИ во Собранието, испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот...

Култура6 часа

Филип беше ураган од љубов – во Штип се одржа комеморација за музичарот Стевановски кој загина во пожарот

Во Штип се одржа комеморацијата за директорот на штипскиот центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски, кој тагично го загуби...

Македонија7 часа

Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на...

Свет7 часа

Зеленски: Американците целосно го сменија договорот, чекаме правна анализа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина нема да прифати никаков договор за минералните суровини што ќе ја загрози нејзината...

Македонија24 часа

OJO: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари за тешки...

Македонија24 часа

Четворицата лидери на „Влен“ вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Аљбин Курти, Таравари вели дека ќе разговараат и за локалните избори

За претстојните локални избори, како и за сите актуелни теми во земјата и во регионот, вечерва, на ифтарска вечера кај...

Македонија1 ден

Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и...

Топ1 ден

Измамници оштетија струшко семејство: им понудиле донации за болниот син, па подигале брзи кредити

Двајца измамници излажале сопружници од Струга дека ќе собираат пари за лекување на нивниот болен син и им ги зеле...

Македонија1 ден

Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден...

Македонија1 ден

Македонците и годинава ќе може да патуваат во ЕУ како досега: системот ЕТИАС одложен

Системот ЕТИАС, кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе почне на...

Македонија1 ден

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и...

Топ1 ден

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет1 ден

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион1 ден

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет1 ден

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...