Црна хроника
Битолчани ограбиле седум продавници
Против седум млади лица од Битола, со иницијали Б. С. (29), П. И. (22), К. А. (23), А. Р. (29), П. Д. (26), Н. Г. (28) и А. Ј.(22), полицијата поднесе кривична пријава поради седум кривични дела тешка кражба.
Од 23 ноември до 4 април годинава, на подрачјето на Битола, во седум колонијални продавници, пријавените со употреба на физичка сила влегувале и одзеле разни видови предмети, со што предизвикале материјална штета од 653.807 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна незгода во Кавадарци
Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на улица „Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(29) и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л.(20), двајцата од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Три лица од Скопје во текот на вчерашниот ден пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици низ градот.
Вчера во 09.50 часот во Полициската станица Аеродром, 70-годишниот А.Г. од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, 67-годишниот П.К. од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во текот на вчерашниот ден, во Полициската станица Шуто Оризари, 38-годишниот М.Р. од Скопје пријавил дека на ул.„Брсјачка Буна“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Прегазена жена во Скопје, возачот избегал, таа со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 85-годишната А.З. од Скопје.
Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.