Контакт

Македонија

Пушачите имаат 22 пати поголема веројатност да добијат рак на белите дробови од непушачите

Објавено пред

Под мотото „Не дозволувајте тутунот да ви го одземе здивот, одберете здравје, а не тутун!“, Светската здравствена организација (СЗО) и нејзините глобални партнери денеска го одбележуваат Светскиот ден против пушењето. На оваа манифестација се приклучуваат и голем број професионални здруженија, фондации и организации, со цел да се подигне свеста на луѓето, но и на државните институции за штетното и смртоносно влијание на консумирањето  тутун и тутунски производи и на пасивното пушење врз здравјето на луѓето.

dobivaj vesti na viber

По повод Светскиот ден против пушењето, Македонското респираторно здружение испрати отворено писмо во кое го изнесува својот став во врска со штетните последици на пушењето по индивидуалното и колективното здравје не граѓаните, како и апелот до властите и институциите на државата за интензивирање на мерките за справување со проблемот на пушење во Македонија.

Писмото го пренесуваме интегрално:

Пушењето е најголемиот тивок убиец во светот!

8 милиони активни пушачи и 1 милион пасивни пушачи, од кои огромен процент деца, го губат својот живот поради болести предизвикани од пушење. Чадот од цигари содржи околу 7000 штетни материи, од кои неколку стотици директно се поврзуваат со појава на рак. Тутунот е причина за повеќе од 15 хронични болести и десетина видови  карциноми. Пушачите имаат 22 пати поголема веројатност да добијат рак на бели дробови, и двојно поголем ризик да добијат туберкулоза од непушачите. Децата на мајките пушачи се раѓаат со намалена родилна тежина, послабо развиени бели дробови и се склони кон астма, хронични болести, малформации, како и нагла смрт во првата година од животот. Околу 165.000 деца во светот умираат пред да навршат 5-годишна возраст поради респираторни инфекции провоцирани од пасивно пушење. Чадот од тутун е еден од најважните фактори кои придонесуваат кон општото аерозагадување, особено кон загадувањето на воздухот во затворените простории.
Инвалидноста и губитокот на животи поради пушењето предизвикува бројни лични и семејни трагедии, но не помалку важно, претставува и огромен социјален и економски товар за општеството кое е соочено со последиците од оваа тешка зависност.

За нормален, здрав и активен живот неопходни се здрави бели дробови, поради што овогодишната тема на Светскиот ден против пушење е „Тутунот и белодробното здравје“.

Македонското респираторно здружение е посветено на зачувување на респираторното и општото здравје на населението и активно работи на справување со проблемот на пушењето во Македонија. Во последните години организиравме едукација на доктори за помош при одвикнување од пушење, се вклучивме во работата на европските асоцијации за борба против пушењето, ги преведовме на македонски јазик современите водичи за одвикнување од пушење и изготвивме акредитирана елктронска едукативна прграма, достапна на сите здравствени работници заинтересирани да им помогнат на пушачите да се ослободат од оваа зависност.
Свесни сме дека едукацијата на здравствените работници за штетноста на тутунот и за методите за одвикнување од пушење сами по себе не се доволни и дека за комплетно решавање на проблемот потребно е делување на ниво на сите сегменти на општеството и активно инволвирање на сите институции на државата. Контролата на тутунот мора да биде приоритет на сите влади и држави во светот, поради што го упатуваме овој апел до сите релевантни државни, професионални и институционални фактори и бараме

1.Да се започне со почитување на ратификуваната конвенција за контрола на тутун – FCTC и имплементирање на сите 6 точки на MPOWER-водичите, односно активно мониторирање на употребата на тутун и легислативана во земјата, заштита на населението од штетните ефекти на пушењето, помош на пушачите за одвикнување, предупредување за последиците од консумирање тутун, зајакнување на забраните за консумирање, продавање, рекламирање, промовирање и спонзорирање на тутунските производи и покачување на даноците и цената на истите

2.Во рамките на овие постулати, бараме заострување на Законот за пушење во јавни простории со забрана за пушење во сите затворени простории, тераси, балкони, дворови на угостителски и други објекти, забрана за продавање цигари во атарот на здравствените и едукативните установи, како и на територија со пречник од 500 метри околу истите. Потребно е да се прошири забраната и на другите средства за пушење, како електронски и heeted-цигари, наргиле и слично

3.Интензивирање на инспекциските контроли кои би обезбедиле доследна примена на законите што го регулираат пушењето

4.Интензивирање на кампањите против пушење и поддршка на активностите за едукација на населението за штетноста на тутунот, тутунските производи, електронските цигари , heeted тутунските производи и другите облици на консумирање тутун и никотин (наргиле и слично)

5.Зголемување на бројот на местата комплетно ослободени од присуство на чад од тутун и тутунски производи
6. Забрана за изложување на тутунските производии во продавниците на места лесно видливи и во дострел на погледот на купувачот
7.Воведувањеа безлични обвивки на цигарите, без видливи брендови

8.Отворање  центри за одвикнување од пушење, обезбедување  соодветен кадар и ресурси, зголемување на достапноста на лекарствата за одвикнување во земјата, како и покривање на трошоците за лекување на зависноста од тутун од страна на ФЗОМ. Методите за одвикнување од пушење се ефикасни, заштедуваат општествени средства и треба да бидат широко достапни

9.Вклучување на обуката за методите за одвикнување од пушење во редовната програма за едукација на сите профили на здравствени работници

10.Зголемување на даноците и цената на цигарите

Целта на овие активности е со заеднички сили да овозможиме промена на односот кон цигарите, да го прикажеме пушењето како социјално неприфатлив облик на однесување, а со тоа да придонесеме за пад на бројот на пушачи во Македонија, особено на децата и адолесцентите, за минимизирање на пасивното пушење и да се приближиме кон глобалната цел на СЗО и европските асоцијации против пушење, а тоа е „Европа без цигари до 2035 година!“

Писмото е испратено до Владата, министерот за здравство, Собранието, ФЗОМ, Македонското лекарско друштво, Лекарската комора на Македонија и сродните професионални здруженија

Македонија

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7

dobivaj vesti na viber

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес во Охрид

Објавено пред

Од

Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.

dobivaj vesti na viber

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.

Прикажи повеќе...

Македонија

Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот

Објавено пред

Од

Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.

dobivaj vesti na viber

„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.

Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.

„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.

Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.

Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.

Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија9 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија11 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија11 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија14 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија14 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија16 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија16 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија16 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија17 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија17 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет19 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет20 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет20 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет21 час

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија1 ден

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија2 дена

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија2 дена

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион2 дена

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...