Македонија
Ел Чека продолжува да објавува „бомби“: Ќе ги објавам сите, па ќе ги испратам во ЦИА

И утрово корисникот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Ел Чека објавуваше прислушувани разговори, во кои соговорници најчесто се функционери од ДУИ.
Тој објави дестина бомби и најави дека ќе продолжи да ги споделува и во блиска иднина.
Ел Чека порача дека или криминалците од ДУИ ќе бидат уапсени, или Владата на Заев ќе падне.
„Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани и сите други ќе ја разберат мојата посветеност. Ќе ги објавам сите прислушувани разговори , а потоа ќе ги испратам во ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје“, порача Ел Чека.
Тој во видео обраќање истакна дека доколку му се случи нешто или биде затворен, илјадници луѓе ќе продолжат да ги објавуваат бомбите.
МВР пред неколку дена јави дека во координација со Јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот. МВР ја известило и социјалната мрежа „Фејсбук“ дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во прекин сообраќајот на патот Охрид-Ресен, воведена забрана за тешки товарни возила на правецот Струга – г.п. Ќафасан

Сообраќајот е во прекин на Магистрален Пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, информираат од ЈП „Македонија пат“. Забраната се воведува од 19:30 часот.
Од 19:45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема – (ланци).
Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17.00 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.
Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“
Македонија
(Видео) Снег на Стража

На Стража вечерва врне снег.
АМСМ претходно соопшти дека на сила е забрана за камиони и товарни возила.
Видео: Инфо-Сообраќај
Македонија
Задолжителна зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка

Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18 часот е воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, соопштија денеска од ЈП „Македонија пат“.
Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17.00 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.
Од АМСМ велат сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“.